Хороскопските знаци ја откриваат идеалната комбинација на облека. Хороскопскиот знак не ја одредува само личноста, туку влијае на вашето чувство за мода. Како се облекуваат хороскопските знаци?
ОВЕН:
Жени: Тоа се сигурни жени кои не се плашат да го користат својот сексапил и другите атрибути при изборот на облеката. Обожаваат светли и сјајни ткаенини и сакаат да носат високи потпетици. Омилени бои им се црвена и сина.
Мажи: Тие сакаат да се изразат себеси во општеството со најновиот Ролекс на рака, скапо одело или кошула. Сакаат црвена и црна боја.
БИК
Жени: Тие најпријатно се осеќаат во секојдневни и удобни парчиња облека, како што се фармерки, маици со капуљача или спортски скроени пантолони.
Мажи: Практични се, секогаш ќе изберат поевтини панталони и фармерки комбинирани со маици од памук или синтетика кои се лесни за одржување. Често имаат голем број на чорапи во иста боја.
БЛИЗНАЦИ
Жени: Тие претпочитуваат да се облекуваат соодветно и во својот плакар имаат комбинации за речиси секоја прилика. Сакаат долги распуштени фустани во кои се чувствуваат слободно, но повремено сакаат да облечат и тесни алишта за да го покажат своето убаво тело. Сакаат необични детали како што се марами или цвет во коса.
Мажи: Имаат чувство за стил и сакаат да носат костуми, но исто така, некои необични детали, како што се чевли од вештачка кожа на гуштер или голем прстен.
РАК
Жена: Тие сакаат да купуваат облека во зависност од расположението и чувствата, но резултат на тоа е, парче облека кое не може да се согласи со нешто што веќе го имаат во својот плакар. За на работа се облекуваат класично, традиционално, сакаат накит, особено бисери. Мал црн фустан е совршен за секоја прилика.
Мажи: Најдобро се чувствуваат во војнички панталони, спортски дресови и сл. Носат јакни и фармерки, сепак, сакаат старомодна облека и стил, па за специјални пригоди носат постари костуми.
ЛАВ
Жени: Кралици на драма, ќе облечат најсекси и најскапи парчиња кои можат да си ги дозволат. Луди се за скапите дизајнерски потписи како Прада или Шанел. Сакаат тесни фармерки и секси долна облека. Им се допаѓа златен накит, особено ѓердани.
Мажи: Има скап вкус, сака да носи брендирана облека, бидејќи неговата цел е првенствено да ги импресионира луѓето околу него.
ДЕВИЦА
Жени: Имаат беспрекорен вкус и чувство за стил. Тие се специјалисти за мешање и комбинирање на некомпатибилни работи. Првенствено се практични, секогаш сакаат да изберат скапо парче ако е функционално и квалитетно. Не сакаат лакови или кармини.
Мажи: Претпочитуваат добро скроени, конзервативни костуми во сива, кафеава или сина боја. Никогаш нема да ги начекате во кошула без копче или во одело што не е испеглано.
ВАГА
Жени: Своите облеки ги бираат според тоа како се чувствуваат. Сакаат свила и волна. Тие исто така се пребирливи во врска со фактот како се вклопува нивната облека. Понекогаш сакаат ретро стилови.
Мажи: Дури и кога немаат премногу смисла за комбинација ќе изгледаат одлично, бидејќи тие ќе се одлучат за нешто проверено: црна боја, фармерки, обична кратка маица.
ШКОРПИЈА
Жени: Обично носат облека која го рефлектира нивното расположение. Носат црна облека да го изразат цинизмот или жолта да ја изразат среќата. Освен тоа, сакаат да се облекуваат секси, во секоја можна прилика. Сакаат окултен и религиозен накит.
Мажи: ќе се облечат во сино за да ја изразат својата креативност или во црна за да покажат колку се депресивни. Иако нема да го признаат тоа, сакаат да носат кожа.
СТРЕЛЕЦ
Жени: Сакаат облека која има народни или етно детали, бидејјќи многу сакаат да патуваат. Сакаат ексцентричност и практичност.
Мажи: Неопходно им е да се чувствуваат млади, во согласност со тоа, така се и облекуваат. Сакаат широка, мека облека, фармерки и тренерки.
ЈАРЕЦ
Жени: Склони се кон купување безвременски, класични парчиња облека. Прецизно скроена облека од скап материјал секогаш ќе биде нивен прв избор. Меѓутоа, исто така уживаат во широки бели кошули во комбинација со фармерки.
Мажи: Секогаш бираат скроена по мерка, конзервативна облека. Битно им е да изгледаат уредно. Не можат да одолеат на стар накит, на пример часовници.
ВОДОЛИЈА
Жени: Облечени се во комбинација со шапка, капа или шал, како и некој ексцентричен накит. Не се плашат да ја бојадисаат косата во необични светли бои, сакаат слобода и етно облека.
Мажи: Сакаат светли бои. Избегнуваат облека која е направена од компанија која ја експлоатира работната сила.
РИБИ
Жени: Многу се женствени. Сакаат свила и сатен. За работа ќе изберат долго здолниште, со помалку отворено деколте.
Мажи: Исто така сакаат свила и сатен. Многу им е битен изгледот и сакаат да се облекуваат соодветно со околностите во кои се наоѓаат.