Диетата со тестенини станува се’ повеќе актуелна поради што голем број на девојки ја применуваат. Станува збор за едноставна диета во која се губат килограмите поради изобилството на течности и едноличната храна.
Се применува начинот на исхрана од еден до три месеци, но не се препорачува подолго поради можноста од намалување на имунитетот и ослабување на крвта. Оваа диета може да се применува две недели, да се направи пауза од три дена, а потоа повторно да се повтори.
За време на диетата со тестенини, се препорачуваат секаков вид на тестенини кои се подготвуваат без или со многу мала доза на масло, без мајонез, со кечап или друг сличен сос.
Наутро се јаде овошје и салати, а се препорачува и внесување на јогурти, природни сокови и големо количество на вода. За време на ручек се подготвуваат тестенини кои се делат на два оброка. Првиот оброк се јаде околу 14 часот, а вториот околу 16 часот.
По 18 часот повторно се препорачува овошје или мусли. Во овој период треба да завршува консумацијата на храна, и се препорачуваат течности, особено вода.
За подобри ефекти, се препорачува физичка активност, аеробик, фитнес или пилатес.