Прага – срцето на Европа

loading...

Градот со стотици кули, златната Прага, магичната Прага…ова се само некои од имињата на овој град кој често се опишува како срцето на Европа. Градот зафаќа површина од 496 км2 и  околу 1.250.000 жители.

Основан е во деветнаесетиот век на седумте брегови од двете страни на реката Волтава, а над него бдее неговиот заштитник Св. Вид. Доколу не сте знаеле, првите модерни записи за пивото – третиот најраспространет пијалок во светот по водата и чајот, доаѓаат токму од Република Чешка, односно од пивницата Жатец од 1004-та година.  Првото светло пиво во светот е направено во пивницата Пизен во 1842-та година. Чесите годишно пијат по 156 литри пиво по глава на жител.  

Златниот град, според многумина е еден од најубавите, светски градови, во којшто се чувствувате пoсебно. Прага претставува дестинација која не смее да се изостави. Најпрепознатливиот дел од овој град е секако неговиот волшебен и главен плоштад лоциран помеѓу плоштадот Венцеслас и еден од најубавите и најатрактивни градби Карловиот Мост на реката Волтава, којшто е изграден во 1357год. Најинтересните локации на плоштадот на Стариот Град се црквата на „Нашата Господарка“, салата на Стариот Град со астрономскиот часовник и црквата „Св. Никола“. Во центарот на плоштадот се наоѓа статуата на реформаторот Јан Хус, изградена во 1915 година.

Денес, салата на Стариот Град во Прага претставува само мал дел од големиот комплекс на згради. Таа е изградена во 1338-та година и е видлив симбол на автономијата на градот, откако кралот Џон од Луксембург им одобрил на граѓаните од Прага да имаат свој локален градски совет. Зашеметувачката црква Св. Никола, која се наоѓа на плоштадот на Стариот Град била дизајнирана од Килиан Игназ и комплетирана во 1735-та година. Таа ја заменила поранешната општинска црква, која била изградена дури во 1273-та година. Св. Никола е барокна црква, декорирана со скулптури од Антоин Браун. Таа е волшебна градба и е главен објект за концертите на класична музика во Прага.

Денес градот претставува еден од најголемите не само културни  центри туку општо центар на регионот во кој се наоѓа.

Корисни информации:

  • Во сите делови на градот сте сигурни, тоа е она што претставува голема предност во однос на некои други поголеми градови.
  • Цените во рестораните и кафитериите се пристојни и она што можете да го најдете на секој чекор се пивниците кои се редовно полни. Во однос на транспортот, најдобро и најбрзо функционира метрото кое е пред се средено и има голема покриеност на градот. 
  • Такси возилата се скапи и се сметаат за луксуз.

One thought on “Прага – срцето на Европа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *