Градот Санкт Петерсбург, некогаш нарекуван Венеција на северот, основан е во 1703 година, благодарејќи му на царот Петар Велики, кој најмил најдобри холандски, италијански, француски и руски архитекти. Прекарот го стекнал заради бројните реки што го делат на десетина островчиња, а ги спојуваат 22 моста преку реката Нева и 342 преку каналот. Заради многу сочувани палати во барокни и неокласицистички стил, градот е ставен под заштита на Унеско, во 1990. Една од најубавите и најинтересните феномени се така наречените бели ноќи. Пред крајот на мај и на почетокот на јуни, не доаѓа до потполно стемнување, а уличните светилки воопшто не се палат. Градот можете да го посетите и во зима, кога има помалку гужви, а и цените на аранжманите се многу пониски. Од бројните знаменитости, ќе ви издвоиме неколку:
- Дрвената куќа на Петар Велики – изградена е во новиот град, а од неа царот го надгледувал градењето на престолнината.
- Црквата на Спасот на крвта – во стилот на традиционалните руски средновековни цркви, подигната е на местото каде страдал царот Александар Втори.
- Музејот Ермитаж, каде се наоѓа една од најголемите колекции на уметност во целиот свет. Најважниот дел од музејот се наоѓа во Зимскиот замок. Денес колекција се состои од повеќе од 3 милиони предмети, што ги вклучува и ремек делата на големите мајстори како Да Винчи, Микеланџело, Рафаел, Тицијан, Рембрант, Рубен, француските импресионисти, Ван Гог, Матис, Гогин и Роден.
- Рускиот музеј – кој е основан во 1895 година, според декретот на последниот руски цар, Николај Втори.
- Петропавловската тврдина, во која некогаш се наоѓал озлогласениот затвор.
- Катедралата на Свети Исак – градена е во текот на 19. век, а била замислена како најголема православна црква на светот.
На половина час возење од центрот, се наоѓаат спектакуларните летни резиденции на царевите, сместени во Петерхоф и Пушкин град, некогаш наречен Царско село. Меѓу палатите се наоѓа и последната резиденција на династијата Романови. Внатрешноста е преубава, со столбови од малахит и лапис лазули, мозаични икони и насликани плафони.