Топли предјадења

loading...

Многу едноставни и брзи за подготовка, згодни за веселби, пополнување на секоја маса, топлите предјадења можат да бидат и дел од менито за ручек или  додаток со пијалокот што го пиеме. Еве ги најбараните предјадења:

  • Похуван кромид

Потребен е 1 голем кромид или два помали за 1 особа. Го сечеме кромидот на кругови со дебелина од 2-3 милиметри и круговите ги валкаме во брашно, во едно изматено јајце, а потоа во лебни трошки (презла). На добро загреано масло или во фритеза ги ставаме крукчињата кромид и ги пржиме додека не се заруменат. Може да се послужат со тартар сос.

  • Пилешки прсти

Стек околу 150 гр. го сечеме надолжно добивајќи ленти од пилешко месо, не подебели од 1 центиметар. Исечениот стек се става во брашно, па во матени јајца и на крај во лебни трошки. Многумина ставаат и сусам. Се пржат во масло, додека не добијат убава румена боја. Може да се послужат со тартар сос и сос од сенф и мед.

  • Чипс тиквички

Половина тиквичка ја сечеме надолжно и тенко. Исечената тиквичка ја ставаме во вода со вегета да постои околу 5 минути. Потоа ја ставаме во брашно и во тавче ја пржиме  се додека не стане доволно крцкава. Пријатен апетит!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *