Смесата за палачинки подгответе ја од:
- 2 јајца
- 150 гр брашно
- 300 мл млеко
- сол
- масло
Состојките ставете ги во сад и добро мешајте со мешалка или миксер, додека не се добие еднолична маса. Смесата се остава да отстои околу 30-60 мин. Во загреано тавче, ставете масло за јадење, и нанесете од смесата за палачинки. Се разлева по цела ширина на тавчето. Потоа тестото се врти. Кога ќе се испржи,се вади од тавчето и може да се додаде солен или благ сос. Од благите најмногу се користи-шлаг, плазма, мед, мармалад, овошје како – банана, јагоди, чоколаден прелив. Од солените можете да ставите – павлака, шунка, кисели краставички, сирење и сл. Уживајте!
loading...
loading...