Вие сте овде: Почетна » Рецепти » Рецепти пијалоци » Домашни ликери
Домашни ликери

Домашни ликери

Ликер од кафе

Состојки:  450 ml виски, 8 dl црно кафе, 8 dl слатка павлака, 6 dl млеко, 250 гр бело чоколадо, 50 гр млечна чоколада, 150 гр кафеав шеќер, 150 гр нутела, 1 лажичка арома од ванила, ½ лажичка арома од бадем, 60 гр пудинг од чоколадо

Подготовка:  На послаба температура се загрева слатката павлака, кафето и 3 dl млеко. Потоа се додаваат чоколадото, нутелато, аромата од ванила и бадем, и полека се меша. Со остатокот од млекото изматете го пудингот и помешајте го со стопеното чоколадо. Мешајте додека не се згусне. Тргнете го од ринглата, и сипете го во сад со херметички капак, затворете го и оставете го да отстои преку ноќта на ладно место, но не во фрижидер. Утредента, префрлете го во сад за матење, матете неколку минути, додадете го вискито и матете повторно. Потоа смесата сипете ја во стаклено шише и ставете ја во фрижидер, се’ до послужувањето.

Ментол ликер

Состојки: 500 ml вода, 180 ml домашна ракија, 150 гр кафеав шеќер, 3 кесички бурбон ванилин шеќер, 2 ќесички чај од нане, 1 лажица арома од ментол

Подготовка:  Во сад сипете ги водата, ракијата, шеќерот и ванилин шеќерот и варете на тивок оган. Откога ќе изврие, варете уште 5 минути. Садот тргнете го од огнот, ставете ги 2 кесички чај од нане, затворете  го садот и оставете да се олади. Потоа извадете ги ќесичките чај, ставете арома, и добро измешајте. Потоа префрлете ја смесата со инка во стаклено шише и оставете да стои на ладно место до утредента. Послужете со парчиња киви.

Ликер од чоколадо

Состојки:  500 гр шеќер, 0,5 l млеко, 200 гр чоколадо за готвење, 0,5 l бел рум, 1 ванилин шеќер

Подготовка:  шеќерот се вари во 250 ml млеко (како за карамел), а во другите 250 ml растопете го чоколадото (без да ги варите). Соединете ги двете смеси и додадете го румот. Сипете  ја смесата во стаклено 

За авторот Е. К.

професор по француски јазик и книжевност Најздрава навика: планинарење и здрава исхрана Во слободно време: алтернативен туризам, филм, фотографија. Најмногу сакам да јадам: чоколадо. Дестинација: Алпи Верувам во: карма и позитивни луѓе.

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе
best casino zLkdjjHcgs