За подготовка на келане потребни ви се следните состојки:
Тесто:
- 600 г брашно
- квасец
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- 5 лажици јогурт
- 50 мл масло
- 420 мл топла вода
Полнење:
- 500 г сецкан кромид
- Сол
- Бибер
Премачкување:
- 50 г топен путер
Подготовка:
Во сад ставете ги брашното, квасецот, шеќерот и солта, и мешајте додека не се соедини смесата. Додадете јогурт, масло и вода. Мешајте околу 5 минути додека не добиете меко тесто. Оставете го околу 30 минути прекриено со крпа. Потоа повторно измесете го тестото и оставете го да стои уште 30 минути. Потоа поделете го тестото на 15 до 20 топчиња. Секое топче истенчете го со сукало, како да подготвувате кифлички, а во средина ставете го кромидот, измешан со сол и бибер. Поклопете го и направете форма. Ова повторете го со сите топчиња. Ставете ги во тефлонска тава со многу малку масло и пржете додека на примат боја од двете страни. Кога ќе ги испржите, премачкајте ги со топениот путер и послужете ги топли.
Добар апетит!