За да подготвите пилешки гради во сос од печурки потребни ви се:
- 500 г пилешки гради
- 200 мл. павлака за готвење
- Сенф
- 50 г. маргарин
- Вегета, сол, бибер
- 150 грама шампињони
Подготовка:
loading...
Време на подготовка: 25 минути
Пилешкото го сечкате на тенки парчиња и го варите 15 минути во зовриена солена вода. Шампињоните со зачини се пржат на стопениот маргарин. Потоа додадете го пилешкото и заедно пржете ги состојките. На крај додадете сенф и павлака. Пржете се’ заедно уште неколку минути. Како прилог послужете зелена салата.
Добар апетит!
loading...