Вие сте овде: Почетна » Рецепти » Рецепти солено » Тава со месо
Тава со месо

Тава со месо

Состојки:

  • 1 кг месо, свинско или говедско
  • 4-5 компири исечени на големи коцки
  • 2-3 моркови исечени на тркалезни парчиња
  • 1 кромид крупно исечкан
  • 200 мл бело вино
  • 200 мл вода
  • 1 коцка за супа
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • Вегета, сол, бибер
  • 1 лажица сушен магдонос
  • 1 лажица црвен пипер

Подготовка:

  • Месото можете да го исечете на мали коцки или како стек.
  • Добро измешајте го брашното, пченкарното брашно, вегетата и биберот, потоа измешајте ги со месото.
  • Месото испржете го на загреан зејтин додека не фати боја
  • Извадете го на чинија
  • Во истото масло испржете го сецканиот кромид, потоа додадете ги виното, водата, коцката за супата и варете неколку минути. Додадете го сушениот магдонос, биберот, солта и белото вино.
  • Во огноотпорен длабок сад наредете ја половината на месото, морковот и компирот.
  •  Врз тоа наредете ја другата половина на месото и посипете со црвен пипер.
  • Печете во  затворен сад на 180° околу 1 сат, после извадете го капакот на садот и оставете уште малку да фати боја.

Сервирајте го со грчка или шопска салата.

Добар апетит!

 М.А.

За авторот М.А.

Студент по српски јазик и книжевност Најздрава навика: пливање Во слободно време: аматерско компонирање, режија и монтажа Најмногу сакам да јадам: лазањи Дестинација: Јапонија Верувам во: вистина

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе
best casino zLkdjjHcgs