А

А-ако ја сонувате буквата А, значи добар почеток во работата.

loading...

АБОРТУС-Чувствувате неоправдан страв.

АВАН-Оној кого го сакате е недостоен за вашата љубов или не ви одговара; ако работите со аван – гости.

АВАНТУРА-Ако доживеете авантура – опасност.

АВИОН-Ако правите авион – неисполнети желби; ако гледате авион – позитивна промена; ако се возите со авион – ризикот ќе ви успее; ако скокнете од авион – пазете се од повреди.

АВТОБУС-Не дозволувајте работата да ве преокупира.

АВТОМОБИЛ-ако се возите- напредок во работата; ако гледате како поминува автомобил – ќе чуете гласови; автомобилска несреќа – не трудете се , нема да успеете.

АГЕНТ-Ако видите агент – загуба; пазете се од слаткоречиви пријатели.

АГОЛ-Некој неуспех ќе ве потишти.

АДВОКАТ-Грижи и трошење пари; ако разговарате со адвокат – непријатности.

АДРЕСА-Ако ја видите – посета; ако ја пишувате – трошок.

АЗБУКА-Ако видите или читате азбука – ве чека голема и тешка работа.

АЈВАР-Желбите нема да ви се исполнат.

АЈКУЛА-Пазете се од некоја опасност.

АКВАРИУМ-Грижи во врска со пари; ако е полн со риби – добивка.

АКРОБАТ-Успех во работата; ако вие сте акробат – ќе решите некои проблеми.

АКУМУЛАТОР-Добивка; празен акумулатор – загуба.

АЛАТ-Унапредување во работата.

АЛИМЕНТАЦИЈА-Ве очекува непријатен настан; ако ја добивате – ќе излезете од некоја непријатна ситуација.

АЛКА-Ако ја носите – љубовен настан; ако видите алка – не сте извршиле некоја обврска; пукната алка – разделба за подолго време.

АЛКОХОЛ-Долг живот и здравје; ако пиете алкохол – лажни пријатели; ако пиете алкохол во друштво – ве очекува веселба.

АЛТАНИ-Богатство; ако примате алтани – ќе ви се исполнат очекувањата; ако плаќате со алтани – ве очекува длабока старост.

АМАЈЛИЈА-Среќа и заштита; ако ја носите – љубовен настан.

АМАЗОНКА-Кавги во куќата.

АМБАР-Благосостојба и среќа во фамилијата; празен амбар – залудно се надевате.

АМОР-Краткотрајна љубов.

АНАНАС-Веселба во друштво; ако јадете – парична добивка.

АНГЕЛ-Ако видите ангел – имате заштита за која не знаете; ако разговарате со ангел – многу желби ќе ви се исполнат; ако се сонувате како ангел – болест, несреќа.

АНТЕНА-Ќе чуете добра вест.

АНТИКВАРНИЦА-Чувајте се од најблиските, неуспех.

АПЕТИТ-Внимавајте на парите.

АПЛАУЗ-Желбите нема да ви се исполнат; ако ви аплаудираат – премногу сте горди за да успеете; ако сами аплаудирате – не завидувајте им на другите за нивниот успех.

АПСЕЊЕ-Ќе бидете обвинети без причина.

АПТЕКА-Ненадејна среќа; ако сте аптекар – добра заработка.

АРАП-Добри вести; да се видите себеси како арап(бедуин) – грижи во куќата; арап како јава – чувајте се од неприлики на патот.

АРСЕНАЛ-Кавга.

АРТИСТ-Бидете претпазливи во работата; aко сте вие артист – парична загуба.

АРХИВА-Сте вложиле пари во сомнителни работи.

АТЕНТАТ-Сплетки и завист.

АТЛЕТ-Успех во работата; ако сте вие атлет – непријатно изненадување.

АТОМСКА БОМБА-Изненадување со непријатен крај.

АФИОН-Грижи во љубовта; ако јадете афион – не претерувајте во барањата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *