Ч

ЧАВКА
ако ја чуете – ќе изгубите углед; ако ја видите да лета – среќна иднина.

loading...

ЧАД
не бидете наивни, некој сака да ве посрамоти; ако чадот се крева право нагоре – тешкотиите брзо ќе ги снема; ако ветер го дува чадот на лево – тешкотиите се несовладливи; ако ветер го дува чадот на десно – ќе биде тешко, но сепак ќе се решат проблемите; куќа полна со чад – имате непријатели; црн чад – несреќа; бел чад – чест; ако чадот ве пече на очи – непријатно доживување.

ЧАДОР
ќе најдете помош во неволја; отворен чадор – добро размислете за своите постапки, бидејќи после ништо нема да може да се поправи; отворен чадор во затворена просторија – несреќа; влажен чадор – пропадната љубов; чадор што не може да се отвори – големи незгоди; свилен чадор – ќе стекнете углед; искинат чадор –  ќе настрадате; чадор за сонце – ќе наидете на разбирање и помош.

ЧАЈ
ако пиете чај – ќе бидете во пријатно друштво; ако пиете лековит чај – болест.

ЧАКАЛ 
колку повеќе чакал, толку повеќе пари и задоволства.

ЧАМЕЦ
ќе ви се остварат плановите; ако се возите во чамец – ќе ви се исполни некоја голема желба (ако се работи за патување или преземен ризик се ќе заврши среќно); натоварен чамец – немаштија; чамец во кој влегува вода – болест; ако паднете од чамец во вода – парична загуба; чамец во олуја – добар крај; чамец што тоне – прекин на љубовна врска.

ЧАПЈА
бидете внимателни; ако на сон убиете чапја – ќе изгубите нечие пријателство; чапја со скршено крило – на вашите пријатели нема да им успеат сплетките; ако ловите чапји – патување; ако јадете месо од чајпа – неочекувано богатство.

ЧАРШАФ
болест.

ЧАСОВНИК
не ја заборавајте важната работа која ве чека; ако чука – сетете се времето е пари; златен часовник – ви се заканува опасност да ве ограбат; ако на сон навивате часовник – наскоро ќе имате љубовна средба; часовник што застанал – смрт на некој познаник, но кој не е покрај вас; рачен часовник – користете си го времето подобро.

ЧАСОВНИЧАР
ви претстои деликатна задача.

ЧАТАЛ
непријатности.

ЧАША
венчавање; скршена чаша – среќен настан; чаша со вода – добро здравје; чаша со вино – веселба; празна чаша – разочарување; ако полните чаша со која било тешност – ќе изгубите некој пријател; чаша полна со течност (освен вода и вино) – некој желно ве очекува; златна чаша – деловен успех; ако скршите чаша – опасност, смрт.

ЧЕВЕЛ
незгоден пат; облекување чевли – пријатен настан; тесни чевли – незгоди; нови чевли – љубовна средба; искинати чевли – незгоди во блиска иднина; ако на сон купувате чевли – ќе сретнете нова љубов; ако некому подарувате чевли – ќе ви се освети вашата невнимателност спрема околината; ако правите чевли – парична загуба; црвени чевли – возвратена љубов; бели чевли – скора свадба.

ЧЕВЛАР
досаден гостин.

ЧЕК
ако исплаќате чек – деловен успех; ако потпишувате чек – лекомисленоста ќе ви нанесе штета; ако не можете да исплатите чек – ќе западнете во долгови.

ЧЕКАЛНИЦА
ќе ви се исполнат љубовните желби.

ЧЕКАН
во своите потфати употребете повеќе памет; ако удирате со чекан – ако употребите суровост во своите постапки се ќе се сврти против вас; ако на сон работите со чекан – најаве сте во право, но ќе мора да се борите ако сакате да победите; ако гледате како некој работи со чекан – ќе си ги решите сите тешкотии; голем чекан – добро ќе ја завршите започнатата работа.

ЧЕКАЊЕ
ако чекате некого – пријатни вести.

ЧЕЛИК
кавга, немир и незадоволство.

ЧЕМПРЕС (КИПАРИС)
ако го видите – тага; ако го одгледувате – ќе претрпите штета поради својата невнимателност.

ЧЕП
ќе исправите некоја грешка.

ЧЕПКАЛКА ЗА ЗАБИ
кавги во семејството.

ЧЕРЕП
успешен потфат; скршен череп – грижи.

ЧЕСТЕЊЕ
ако на сон ве честат – на јаве ве озборуваат зад грб.

ЧЕТВРТОК
пријатна иднина.

ЧЕТКА
ќе ве озборуваат; ако четкате одело – ќе предизвикате не- кои непријатности; четкање коса – гости; ако на сон ја изгубите четката – среќа.

ЧЕТКА ЗА ЗАБИ
средете си ја ситуацијата.

ЧЕШЕЛ
кавги во семејството; скршен чешел – жестока кавга.

ЧЕШЛАЊЕ
среќен потфат; чешлање коса – пријатна средба; чешлање замрсена коса – ќе чуете лоши вести; чешлање брада или мустаќи – свадба; ако чешлате животно – ќе направите добро дело.

ЧЕШМА
среќен брак; ако пиете од чешма – ќе добиете признание, добивка.

ЧИЗМА
ако соблекувате чизми – имате искрена околина; ако облекувате чизми – среќа во љубовта; нови чизми – среќа; стари чизми – беда; валкани чизми – озборување.

ЧИНИЈА
покана за свеченост; ако скршите чинија – жалост и грижи; празна чинија – неочекувана кавга.

ЧИНОВНИК
некој ќе ви се меша во работата; разговор со чиновник – ќе добиете некаква покана; ако се сонувате како чиновник – ќе ги осрамотите свите противници.

ЧИР
на нозе или раце – успех во работата; чир на грб – победа над противниците.

ЧИСТЕЊЕ
ако на сон чистите нешто – добивка, убав подарок.

ЧИТАЊЕ
читање писмо или ракопис – добивка; ако читате весници – успех во животот; ако читате книги – потрудете се уште многу да научите за да имате корист во животот; ако некому нешто му читате – ќе ги израдувате пријателите.

ЧОКОЛАДО
ако подарувате некому чоколадо – внимавајте да не потрошите повеќе отколку што имате; ако добиете чоколадо – имате верни пријатели; ако јадете чоколадо – ненадејна љубовна средба.

ЧОРАПИ
грижи, болест; ако плетете чорапи – корист од работата; ако купувате чорапи – грижи; ако ги облекувате или ги соблекувате – минливи тешкотии.

ЧУВАЊЕ
ако на сон нешто чувате – пазете се од крадци.

ЧУДО
ако на сон видите некое чудо – на јаве ќе се разочарате.

ЧУДОВИШТЕ
сиромаштија.

ЧУКАЊЕ
ако чуете чукање – пријатна вест; ако чукате – вознемирувачки новости; силно чукање – непријатности.

ЧУМА
доаѓаат тешки времиња

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *