Г

ГАВРАН-Среќа; ако чуете гракање на гаврани – несреќа, смрт; јато од гаврани – жален глас; ако бркате гавран – ќе откриете или ќе спречите кражба.

loading...

ГАЗДА-Загу6а.

ГАЈДА-Радосни вести; ако свирите на гајда – среќа во љубовта.

ГАЛЕБ-Среќа; неочекувано писмо од далеку; ако уловите галеб – кавга.

ГАЛЕРИЈА-Очекувајте добивка.

ГАЛИЈА-Ако плови – чувај се од несреќа; ако потоне – губиток; ако веслаш на галија – злоба.

ГАРНИЗОН-Слава, чест.

ГАС-Ако готвите на гас – брзо остварување на желбите.

ГАСЕНИЦА-Лажен пријател; ако ја згмечите – некој се обидува да ви наштети.

ГАЌИ-Губиток; валкани гаќи – болест; искинати гаќи – кавга и тепачка; шарени гаќи – ќе стекнете добивка со лаги; ако ги изгубите гаќите – ќе бидете оштетени; женски гаќи – лошо ви се пишува; машки гаќи – скандал, лоши вести.

ГЕНЕРАЛ-Ќе се најдете во друштво со истакнати личности; ако се сонувате како генерал – ќе се гордеете со својата работа.

ГЕОГРАФСКА КАРТА-Патување.

ГИМНАЗИЈА-Остварување на желбите.

ГИМНАСТИКА-Здравје; ако гледате како други вежбаат – пријатен излет.

ГИПС-Успех во работата.

ГИТАРА-Подарок; ќе се најдете во пријатно друштво; ако слушате како некој свири на гитара – ќе жалите по минатото.

ГЛАВА
Штета; глава голема – богатство; ако имате две глави – напредок; глава отсечена – несреќа; глава крвава – чувај се; глава ќелава – ви претстои штета; ако носите глава во рацете – добро и мир; ако ја миете главата – имате неискрен пријател.

ГЛАВОБОЛКА-Радосна вест.

ГЛАД-Ако на сон почувствувате глад – добиток на лотарија.

ГЛАС-Добар пријател ќе ве посоветува; ако слушате многу гласови – задоволство; глас божји – среќа.

ГЛАСНИК-Разочарувачки вести; ако примате порака од гласник – лоши вести.

ГЛИНА-Чувајте се од неуспех; ако копате глина – пари.

ГЛИСТИ-Голема несреќа; ако ги фаќате во рака – долга болест.

ГЛОБУС-Патување.

ГЛОГ-Ве очекуваат тешки неприлики; ако ги видите плодовите на глогот – здравје; црн глог – задоволство.

ГЛОДАЊЕ-Жалост.

ГЛУВОСТ-Грижи / среќен живот со саканото лице; ако видите глув човек или разговарате со него – деловен неуспех.

ГЛУМЕЦ-Ако глумиш – срамота во друштво; ако гледате глумци – ве лажат.

ГЛУПАК-Штета; ако направите глупост – утрешниот ден ќе ви биде лош.

ГЛУШЕЦ-Грижи; бел глушец – добра женидба / мажачка; полски глушец – предавство; ако ловите глувци – остварени желби; глушец во стапица – ќе ги победите непријателите; ако бркате глувци – залудни ви се надежите за добивка; стапица за глувци – некој сака да ве изигра.

ГНЕЗДО-Добивка; гнездо полно со јајца, сватови или веселба во домот / ако ви претстои нова работа прифатете ја; празно гнездо – загу6а; ако симнувате гнездо од дрво – венчавка; ако земате јајца од гнездо – ќе направите некоја неправда; гнездо од ластовица – добивка; ако го уништите гнездото – чувајте се од љубомора; змиско гнездо – имаш итри пријатели.

ГНИДИ-Грижи и срамота.

ГНОЈ-ако го собираш – ненадеен добиток; ако видите гној на себе – добивка, успех.

ГОВЕДА-Среќа; ако колете говедо – неуспех во љубовта; слабо говедо – несреќа; дебело говедо – среќно породување на некоја жена; ако пасат – успех во работата.

ГОВЕДСКО МЕСО-Ако јадете говедско месо – големи неприлики; ако готвите говедско месо – кавга.

ГОВОРНИК-Послушајте ги советите околу вас; ако вие држите говор – ќе станете влијателни.

ГОЗБА-Голема чест; ако учествувате во гозба – голема радост.

ГОЛОТИЈА-Да бидеш гол – жалост и срамота; голи луѓе – грижи; ако сте голи со саканото лице – напредок.

ГОНЕЊЕ-Ако сте гонети – озборување; ако вие гоните некого – ќе морате да донесеш тешки одлуки.

ГОРА-Чест; зелена гора – радост.

ГОРЧИНА-Болест; горчина во устата – ви претстои жалосен ден.

ГОРЧЛИВА ТРЕВА-Непријатности; ако јадете горчлива трева или ако ја собирате – жалост и солзи.

ГОСПОД-Остварување на желбите; ако се сонувате како Господ – напредување во работата; ако разговарате со него – среќа во бракот; ако се молите на Господ – неуспех во работата; ако го колнете – болест, непријатности.

ГОСТИЛНИЧАР/КА-Богатство.

ГОСТИН-Ако сте вие гостин – озборување; ако ви дојдат гости – кавги во куќата; ако не можете да се ослободите од гости – ќе останете без некој драг предмет; ако пречекувате гости – радосен настан.

ГОТВАЧ-Расправии; ако гледате како готви – успешна година.

ГОТВАЧКА-Ненадејна посета. Ако зборувате со готвачката – ќе слушнете глас од далеку за пари.

ГОТВЕЊЕ-Неискрени пријатели во фамилијата; лажица за готвење – немир; ако добиете предмет за готвење како подарок – ќе ве изневерат пријателите; ако готвите во голем сад – несреќа.

ГРАБНУВАЊЕ-Венчавка; ако грабнете нешто од некого – пазете се од непромислени постапки.

ГРАБЛИВЕЦ-Штета; ако го успеете да го фатите – ќе се ослободите од некое зло – ако ве нападне – ќе се судите со некого поради долгови; ако го припитомите – имате непријател во домот.

ГРАВ-Успех во работата; ако јадете грав – бременост или болест; ако готвите грав – ќе ви се исполни некоја желба; грав што цвета – ќе ви се исполни некоја желба; ако купувате грав – надежите нема да ви се остварат.

ГРАДЕЊЕ-Успех во работата; ако градите црква – ќе доживеете страв; ако други градат нешто – ќе го смените местото на живеење.

ГРАДИ-Исполнување на желбите; убави женски гради – изненадување; влакнести гради – здравје; ако видите бебе што цица од гради – среќа во бракот.

ГРАДИЛИШТЕ-Ви претстојат тешки одлуки за важни потфати.

ГРАДИНА-Среќа во семејниот круг; ако работите во градина – успех; градина со многу цвеќе – парична добивка; градина со висока ограда – неисполнување на надежите; градина со зеленчук – со малку труд ќе постигнете голема корист; зелена градина – надежите ќе ви се исполнат.

ГРАДИНАР-Непријатност; ако на сон сте градинар – ќе уживате во љубовта.

ГРАДИТЕЛ-Опасност; ако разговарате со него – трошоци.

ГРАМОФОН-Озборување(внимавајте на своето однесување); ако купувате грамофон – не однесувајте се несериозно, бидејќи ќе ве исмеваат.

ГРАНАТА-Опасност; ако експлодира – ќе ве снајде несреќа.

ГРАНКА-Помошта ќе стигне во последен момент; скршена гранка – прекин на некое пријателство; сува гранка – несреќа; зелена гранка – среќа; ако сечете гранки – вашата непромисленост скапо ќе ве чини.

ГРАШОК-Грижи; ако јадете грашок – ќе ви се исполни некоја желба; грашок што цвета – среќа; ако купувате грашок – грижи; ако продавате грашок – пазете се од повреди; ако берете грашок – добивка; ако садите грашок – напредок во домаќинството.

ГРБ-Напредување во работата; болки во грбот – долг живот.

ГРБА-Ве очекува голема добивка; ако сретнете грбав човек или ако разговарате со него – тешкотии на работа.

ГРЕБЕН-Вашата цел ќе биде постигната.

ГРЕБЛО-Вашата ситуација ќе се подобри.

ГРЕШКА-Нема да сте сигурни во вашите постапки.

ГРИЖА-Среќна иднина.

ГРИЗЕЊE-Непријатности.

ГРИП-Нема да успеете во своите намери 

ГРЛИЦА-Верност.

ГРЛО-Ќе победат вашите непријатели.

ГРМОТЕВИЦА-Ако слушнете грмотевица – тага.

ГРОБ-Смирување со пријател; ако копате гроб – опасност; ако го затрупувате – болест; отворен гроб – ќе бидете поканети на некоја свеченост; ако лежите во гроб – добро чувајте си ги своите финансии; ако читате натпис на гроб – ве очекуваат големи тешкотии.

ГРОБАР-Вашите долгови нема да можете да ги исплатите.

ГРОБИШТА-Подарок што ќе ви наштети; ако шетате низ гробишта – грижи; ако лежите на гробишта – благосостојба.

ГРОЗЈЕ-Непостојана среќа; бело грозје – радост; црвено грозје – возбудлив настан; ако берете грозје – ќе се разделите со некого; ако добиете грозје како подарок – ќе склопите пријатно познанство; ако јадете грозје – ќе имате љубовна средба.

ГРОМ-Опомена за вашата работа; ако удри гром – ќе претрпите зло; ако некој друг го удри гром – ќе бидете почитувани.

ГУБЕЊЕ-Ве чека зло.

ГУБИЛИШТЕ-Голема чест.

ГУЖВА-Кавга; ако гледате гужва – добивка.

ГУЛАБ-Добар глас; ако го фатите – загуба; мртов гулаб – ќе останете без некој добар пријател; ако јадете месо од гулаб – жалост; ако гледате како се бакнуваат гулаби – љубовна идила; ако го пуштите да ви одлета од рака – кратка разделба со саканото лице; јато од гулаби – помош од непознати луѓе.

ГУЛАБАРНИК-Посветете поголемо внимание на вашиот брак.

ГУМНО-Среќни денови.

ГУСАР-Парична загуба.

ГУСКА-Добивка; ако јадете – голема среќа; печена гуска – гости; ако колете гуски – ќе се ослободите од непријателите; гуска што плива – ве очекува далечен пат; гуска што гака – за вас се шират лоши гласови.

ГУСЛИ-Тага; ако свирите на гусли – среќа во домот, свадба.

ГУШТЕР-Промена на местото на живеење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *