И

ИБРИК
добри вести; ако пиете од ибрик – веселба.

loading...

ИВЕРКА
ќе вложувате залудни напори.

ИГЛА
жалост во срцето; ако се боцнете – ќе направите лошо дело / немате чиста совест; ако најдете игла – кавга; ако ја изгубите – разделба со некои пријатели; ако ставате конец во игла – ќе се најдете во ситуација во која би било подобро да ја зборувате вистината; шиење со игла – непријатности; повеќе игли – голема кавга; ако скршите игла – жалост.

ИГРА
ако играте со топка – жалост; ако играте со карти – непријатности; ако се коцкате – загуба; ако играте со влог – љубовна авантура.

ИГРАЧКА
новороденче во семејството; ако си играте со играчки – жалост; ако купувате играчки – грижа; ако правите играчки – веселба во домот.

ИДЕАЛ
ако сонувате некој свој идеал – неисполнети желби.

ИДИОТ
ако се сонувате како идиот – ви претстои авантура / ве очекува необичен настан; ако сретнете идиот – ќе склопите добра работа; ако се правите идиот – заработувачка.

ИЗБЕГНУВАЊЕ
ако на сон нешто избегнувате – ќе имате непријатна средба.

ИЗВОР
големи поволни промени во животот; ако пиете вода од извор – оздравување, здравје; ако се бањате во извор – непријатности; пресушен или матен извор – болест / несреќа; студен извор – среќно и пријатно патување; бистар извор – изобилство, здравје и радост.

ИЗГОВОР
ќе ве фатат во лага, непријатности; лажен изговор – ќе бидете излажани.

ИЗЛЕТ
пазете се од лажните пријатели.

ИЗЛОГ
нескромноста може да ви наштети.

ИЗЛОЖБА
бидете поскромни ако сакате да постигнете успех / почитување во околината во која живеете.

ИЗМАМА
ако некого измамите на сон – на јаве ќе откриете нечија измама.

ИЗНАЈМУВАЊЕ СТАН
влошување на животните услови.

ИЗНЕНАДУВАЊЕ
ако на сон се изненадите – без да сакате ќе издадете некоја тајна; ако некој друг е изненаден – ќе ви се исполнат интимните желби.

ИЗОБИЛИЕ
си потхранувате некои лажни надежи кои нема да ви се исполнат.

ИЗУМ
ако на сон нешто изумите – ќе откриете некоја тајна.

ИКАЊЕ
ако на сон икате – ќе доживеете некое понижување.

ИКОНА
грижи; ако ја ставите на ѕид – чест, среќен брак; ако ја симнувате од ѕид – смрт.

ИЛЈАДА (БРОЈ)
голем успех.

ИМЕ
ако го видите напишано своето име – ќе ве вовлечат во кавга; ако сами го напишете или пак го чуете своето име – ќе чуете добра вест; ако настапувате под лажно име – некој пријател ќе ве излаже.

ИМЕЛА
радост во семејството, веридба, венчавка.

ИМИТИРАЊЕ
aко на сон имитирате некого – успешен крај на некоја работа.

ИМОТ
ако наследите имот – среќна женидба / мажачка; ако добиете имот како подарок – ќе ви се зголеми семејството; ако купите имот – трошењето без мерка ќе ве доведе до пропаст; ако го изгубите имотот – лоши вести; ако го продадете имотот – некој ве поткраднува.

ИНВАЛИД
ако видите инвалид – незгода / ќе се покаете поради својата непромисленост; ако на сон станете инвалид – во блиска иднина ќе се смирите и ќе бидете задоволни иако можете при тоа да ја изгубите својата самостојност; ако му помагате на некој инвалид – ќе направите добро дело; ако му наштетите на некој инвалид – ќе направите лошо дело.

ИНДИЈАНЕЦ
авантура.

ИНЖИЊЕР
ако бидете разумни и претпазливи ќе ги оставарите своите намери.

ИНКА
треба да бидете поштедливи.

ИНСЕКТИ
загуба, неуспех во работата.

ИНСТРУМЕНТ
хируршки инстурменти – доаѓаат тешки времиња; музички инструменти – опасност, несреќен случај.

ИНТЕРНАТ
ќе добиете покана за некоја свеченост.

ИНТРИГА
ако се плетат интриги околу вас – пазете се од лаги.

ИСКАЧУВАЊЕ
ако се искачувате низ брег или по скали – сигурно ќе стигнете до целта.

ИСКОПУВАЊЕ
ако ископувате мртовец – неизвесна иднина; ако ископувате вредности (богатство) – сиромаштија; ако ископувате безвредности – залудна работа; ако ископувате корења – еден погрешен потег ќе ве доведе до неуспех.

ИСКРВАВУВАЊЕ
ако на сон искрвавите – ќе претрпите загуба.

ИСКРА
добивка.

ИСПИТ
ако на сон полагате испит – ќе доживеете професионален успех, но со големи напори.

ИСПЛАЌАЊЕ
ќе решите некоја сериозна грижа / кавга со пријателите.

ИСПОВЕД
лошо расположение, грижи во скора иднина.

ИСПОВЕДНИЦА
ќе ве издаде или ќе ве излаже некој кој ви е близок.

ИСТРЕЛ
ако чуете истрел – непријатности.

ИТАЛИЈА
доаѓаат денови полни со задоволство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *