О

ОАЗА-и покрај неповолните околности ве очекува успех.

loading...

ОБВИНУВАЊЕ-ако сами себеси се обвинувате – среќа и углед; ако го обвинувате својот партнер – лоши вести; ако обвинувате некој друг – незадоволство.

ОБДУКЦИЈА-ако присуствувате на обдукција – ќе ве повикаат на суд како сведок.

ОБЕЛИСК-ќе ве посочат како пример за другите.

ОБЕСЕН ЧОВЕК-ако видите обесен човек – грижи и непријатности; ако сте вие обесени – несреќа.

ОБЕТКИ-ако најдете обетки – добивка; ако ги изгубите – караница; ако носите обетки – ќе дознаете некоја тајна; ако добиете обетки за подарок – некој чезнее по вас.

ОБЛАК-живеете во заблуда; колку се потемни облаците толку поголема ќе биде интригата во која ќе западнете.

ОБЛЕКА-неостварени тежнеења; бела облека – свадба; многу убава облека – изобилство; валкана облека – кавга и непријатности, а може да значи и смртна опасност за некој од вашата најблиска околина; нова облека – средба со ваши добри пријатели кои биле отсустни; носена облека – загуба на нешто драго; ако перете облека – мали непријатности, но со добар крај; ако ставате облека да се суши – ќе чуете важна новост; ако видите облека ставена да се суши – за болни – оздравуване, за здрави – задоволство; домашна облека – зголемување на семејството; женска облека на машко – срамота; преширока облека – имате преголеми желби; претесна облека – немаштија.

ОБЛОЖУВАЊЕ-ако се обложувате со некого – не впуштајте се во премногу смели шпекулации; ако добиете облог – неочекуван успех; ако изгубите облог – ќе направите некоја грешка.

ОБРАЗИ-бледи образи – болест; дебели образи – премногу сте преокупирани со своите интереси; набрчкани образи – живеете раскалашен живот; румени образи – успех во работата; слаби образи – премногу сте преокупирани со грижата за вашата тежина.

ОБРАЧ-уништени надежи.

ОВЕН-благосостојба/ утеха; ако на сон убиете овен – жалост; ако го изгубите – некое лице, кое ви е потчинето, ќе ве покраде и ќе ви го заведе партнерот.

ОВОШЈЕ-ако јадете овошје – задоволство; ако јадете овошје наизглед убаво, но со непријатен вкус – чувајте се од неверство; ако подарувате овошје – ќе стекнете нечија љубов или пријателство; незрело овошје – ви претстојат непријатни случки; скапано овошје – некој сака да ве излаже;продавница за овошје – задоволство и успех; овошје паднато под дрво – несреќа; овошје во корпа – радост.

ОВОШКА (ДРВО)-расцветана овошка – среќа; овошка со плодови – успех; сува овошка или без плодови – неуспех; ако тресете овошка – имате добри соседи; ако калемите овошки – имате лоши навики.

ОВОШТАРНИК-несогласувања во љубовта; ако шетате низ овоштарник – ви претстои безгрижен живот.

ОВЦА-задоволство; ако најдете изгубена овца; среќа во бракт; овца што скока – ќе му се радувате на услехот на своите деца.

ОВЧАР-види – ПАСТИР

ОГАН-ако палите оган – ќе стекнете нечија љубов; оган без чад – здравје; силен оган – непоматена радост и чест; оган со многу чад – недоразбирање кое ќе ве погоди / караница; оган што паѓа од небо – ќе се случи некоја неправда; акo огнот не се гледа од чад – ќе изгубите нешто, што најмалку сте го очекувале; ако газите на оган – откажете се од смелите планови; ако огнот ви наштети – непријатности; ако трчате низ оган – ќе се ослободите од големи грижи; ако гаснете оган – откажете се од работата што сте ја наумиле; ако огнот фрла искри – добивка; ако разгорувате оган – кавга, каење; ако ложите оган во печка – успех на сите полиња.

ОГЛАС-ако на сон читате оглас – пријатни новости.

ОГЛЕДАЛО-венчавање.

ОГНИШТЕ-ако готвите на огниште – ќе основате свој дом; ако го гасите огнот во огништето – некој тајно ве сака; распалено огниште – посета.

ОГНОМЕТ-убава иднина / краткотрајна среќа.

ОГРАДА-ќе мора да совладате некои препреки; ако ја прескокнувате – ќе најдете излез од некоја тешка ситуација.

ОДВРАТНОСТ-ако на сон почувствувате одвратност кон нешто – на јаве ќе бидете многу лути.

ОДЕЊЕ-бавно одење – грижи; ако ви е тешко да ги кренете нозете – ќе ви однесат нешто вредно; одење по покрив – болест; ако одите куцајќи – тешко ќе го постигнете она што сте го наумиле; брзо одење – ќе имате препреки при остварувањето на некои намери; одење преку трева – ќе ве излажат пријателите; одење по кал – големи грижи; ако одите назадечки – неуспех во работата; одење по рамно – пријатен настан; одење нагоре (качување) – остварување на некои надежи; одење под дрвја – грижи.

ОДЛИКУВАЊЕ-ако добиете одликување – углед; ако го изгубите – губење на честа.

ОДМАЗДА-ако се одмаздувате – ќе настрадате; ако некој ви се одмаздува – сигурни сте пред бесот на луѓето; ако веќе сте се одмаздиле – ќе се исполни она на што се надевате.

ОДМАРАЊЕ-безгрижна старост.

ОДМОР-ако заминувате некаде на одмор – ќе имате весела и пријатна авантура.

ОДМОТУВАЊЕ-на конец – малку по малку ќе го изгубите имотот; на сеила – еден лош човек ќе ве пренесе жедни преку вода; ќе волна – ќе бидете изалжани.

ОЗБОРУВАЊЕ-ќе го смените местото на живеење.

ОЗДРАВУВАЊЕ-мала опасност која може да се избегне со внимавање.

ОКЛОП-ако носите оклоп – углед; скршен оклоп – некој ќе сака да ве потчини.

ОЛОВО-лажно ве обвинуваат; ако леете олово – среќа во бракот.

ОЛТАР-среќа во мали добивки.

ОМОРИКА-среќа и задоволство во семејството.

ОМРАЗА-ако на сон почувствувате омраза спрема некого – ќе бидете претрупани со работа.

ОПАЛ-трудот ќе ви биде признат.

ОПАСНОСТ-заминување на некое драго лице.

ОПАТ/ОПАТИЦА-непријатна ситуација/ саканото лице ќе ве изневери; ако разговарате со него – ќе се преселите во друг град; ако слушате како пее – немир, неволја.

ОПАШКА-ќе задоцните на важен состанок; ако имате опашка – партнерот ве изневерува; животно со долга опашка – наскоро ќе дознаете за заговорот против вас.

ОПЕРА-веселба; зграда на опера – самољубието ќе ви наштети.

ОПЕРАЦИЈА-ако гледате операција – болест; ако на сон ве оперираат – ве очекува насилна промена.

ОПИНЦИ-грижи; нови опинци – радост; искинати опинци – болест; ако носите опинци – среќа.

ОПИУМ-ви се заканува голема опасност; ако земате опиум – тешка болест.

ОПСАДА-успех во работата, углед и чест.

ОРАНИЦА-малите успеси ќе ве развеселат; обработена ораница – ќе ви се исполнат очекувањата; необработена ораница – неуспех; ако ја орате – среќа.

ОРГИИ-развратот ќе ве доведе до морален пад и парична загуба.

ОРГУЛА-ако ја видите – внимавајте, да не направите некоја непромислена постапка; ако ја слушнете – мир, задоволство и убава иднина.

ОРДЕН-углед и чест.

ОРЕВ-опасност; стебло – венчавање; дрво (орев) со плодови – грижи кои набрзо ќе исчезнат; дрво (орев) без лисја – брачни караници; ако ги чистите оревите од лушпи – само со голем труд ќе ги остварите свите намери; ако кршите ореви – минливи несогласувања во бракот; ако јадете ореви – подарок; ако берете ореви од дрво – среќа.

ОРЕЛ-ако полетува – добар исход на работите; ако лета – неостварени желби/ богатство; орел во кафез – семејни проблеми; ако го фатите – тага; ако ловите орел – загуба, штета; ако убиете орел – штета; ако одлетува со плен – чувајте се од непријателите; ако долетува со плен – неочекувана добивка; ако го видите на дрво во шума – срамота; ако паѓа или нагло се спушта – во опасност е некој ваш потфат; бел орел – наследство; ако го видите во својот дом – богатство.

ОРИЗ-ако јадете ориз – здравје и долг живот; ако готвите ориз – за болни – оздравување, за здрави – благосостојба; ако купувате ориз – подобрување на материјалната состојба.

ОРКАН-смирете си ги страстите и внимавајте на своите постапки.

ОРНАМЕНТ-ќе бидете во друштво со угледни луѓе; ако цртате орнаменти – подобрување на животната ситуација.

ОРУДИЕ-успех во работата,постигнат со сопствен труд.

ОРУЖЈЕ-ако се наоѓате во соба полна со оружје – ќе одите во војна; ако видите оружје – кавга; ако носите оружје – ќе имате незгода; ѕвекот на оружје – караница; скршено оружје – ќе бидете немоќни во борбата проитв непријателот; вооружен напад – тешко ќе ги остварите своите права.

ОСА-ситни непријатности кои брзо ќе престанат; ако ве боцне оса – разочарување, клевети, интриги; ако бркате оси – разделба со некое драго лице; осино гнездо – голема загуба; ако убиете оса – несреќа.

ОСЕКА-неуспех, променлива среќа.

ОСИРОМАШУВАЊЕ-навикнете се на штедење.

ОСЛАБУВАЊЕ-ако се видите на сон ослабени – загуба; ако видите некој друг ослабен – на туѓа сметка ќе дојдете до добивка.

ОСТАВАЊЕ-ако некој ве остави, ве напушти – жалост, заморна работа, кавга.

ОСТРИГИ-вонредни настани; ако ги јадете – сигурна добивка; празни школки – желбите нема да ви се остварат.

ОСТРОВ-ќе ве напушти љубовникот/љубовницата; остров со зеленило – наскоро ќе се случи нешто убаво; ако пристигнувате на остров – голема среќа; ако сте сами на остров – ќе ве напуштат пријатвлите; пуст остров – загуба.

ОСУДА-крај на непријатностите; ако сте осудени – телесна повреда; ако ги осудувате противниците – добивка.

ОТКРИТИЕ-ќе чуете важни вести.

ОТПАДОК-добивка.

ОТПЕЧАТОК-ако на сон видите отпечаток од нешто – ќе ви биде страв од нешто или некој.

ОТРОВ-ако на сон земете отров – со неблагодарност ќе ви возвратат на вашите добрини; ако го давате некому – ќе примите добар совет; ако сте отруени – ќе изгубите пари или пријатели; ако подготвувате отров – плановите да наштетите некому нема да ви успеат; ако одбиете да испиете отров – ќе пропуштите некоја поволна прилика; отровно растение – се готват завери во вашата најблиска околина.

ОТСУТНОСТ-ако сонувате дека сте отсутни од некој настан – разочарување.

ОФИЦЕР-задоволство и углед.

ОЦЕТ-ако пиете оцет – разочарување; ако го истурате – некој од најблиската околина не ви мисли добро; црвен оцет – ќе ве презираат и лошо ќе постапуваат со вас.

ОЧИ-сини очи – страсна љубов / некој тајно е сака; црни очи – бидете внимателни со т.н. пријатели / болно разочарување; кратковидни очи – загуба; ако сте лишени од видот – разочарување; различни очи – ќе ве понижат; големи и убави очи – благосостојба и среќа; едно око – бидете внимателни во работата.

ОЧИЛА-ако носите очила на сон – потребна ви е заштита; ако купувате очила – бидете повнимателни; ако ги изгубите – треба подобро да си го чувате имотот; ако ги скршите – штета.

ОЧУВ-ќе западнете во долгови.

ОЏАК-семејна среќа; пожар во оџакот – жестока караница во семејството; паднат оџак – големи трошоци; оџак без чад – немаштија; оџак со чад – успех.

OЏАЧАР-среќа во љубовта / ќе се ослободите од некои сомневања; ако се сонувате како оџачар – ќе чуете важни вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *