П

ПАВИЛЈОН-нема да бидете задоволни од исполнувањето на некои ваши желби; ако се наоѓате во павилјон – тајна љубов.

loading...

ПАВЛАКА-подарок; ако ја јадете – здравје.

ПАГОДА-желбата за патување нема да ви се оствари.

ПАДОБРАНЕЦ-болест.

ПАЃАЊЕ-болест на крвотокот, проблеми со притисокот и ако паднете – ќе бидете оштетени.

ПАЖ-љубовна авантура.

ПАЗАР-ве очекуваат возбудливи настани; ќе стекнете нови познанства.

ПАЈАК-кавга со пријателите кои ќе сплеткарат против вас- добро е ако на сон гo убиете пајакот; колку е поголем толку е поголема добивката.

ПАЈТОН-патување; ако се возите во пајтон – бидете безгрижни во наредниов период; празен пајтон – финансиски проблеми; пајтон без коњи – откажете се од своите намери; ако паднете од пајтон – ќе доживеете некои непријатности.

ПАКЕТ-ако на сон примите пакет – ќе чуете важна вест; ако испраќате пакет – ќе бидете пријатно изненадени; празен пакет – непријатни вести.

ПАЛАТА-повеќе трошите отколку што заработувате; ако на сон поседувате палата – некој ви завидува; ако живеете во палата – ќе стекнете внимание од некоја угледна личност; ако добиете палата за подарок – неочекувано ќе доживеете голема радост; ако градите палата – ќе страдате поради својата препотентност.

ПАЛЕТА-со бои – среќа; палета без бои – несреќа.

ПАЛЕЦ-мирен, безгрижен живот; ако се исечете – болест или загуба на некое блиско лице.

ПАЛКА-болест, кавга.

ПАЛМА-добивка; сува палма – внимавајте, имотот ви страда; лисја од палма – корист; гранки од палма – углед и чест.

ПАЛТО-патување; ако го облечете – премногу зборувате; ако го поседувате – благосостојба; ново палто – грижи; искинато палто – разделба со некого; старо, излижано палто – ве чека тешка работа; ако купувате палто – се подготвуваат некои настани.

ПАМУК-голема неизвесност стои пред вас.

ПАНАЃУР-ќе се најдете во големо и весело друштво; панаѓурски шатор – добивка, но не голема.

ПАНТАЛОНИ-црни панталони – јадови; бели панталони – ќе увидите некоја своја заблуда; ако ги соблекувате – болест; ако ги крпите – финансиски проблеми.

ПАНТЕР-некој ќе ви се исполни желбата.

ПАНТОМИМА-ве очекуваат непријатности и досада.

ПАПАГАЛ-неискрени пријатели; ако зборува – озборување.

ПАПОК-непријатна средба, клевета.

ПАПРАТ-живејте поумерено, ако сакате да ја доживеете староста.

ПАПУЧИ-ако носите папучи – ќе стапите во добар брак; ако добиете папучи како подарок – ќе направите услуга не некој го заслужува тоа.

ПАРАДА-ако гледате парада или ако учествувате во неа – неуспех во работата поради сопствената неумешност.

ПАРАЛИЗА-не пребрзувајте со своите постапки.

ПАРАЊЕ-ако на сон парате конец – некоја караница ќе заврши со смирување.

ПАРЕА-грижи, кавги; ако пареата се крева – променлива среќа.

ПАРЕЊЕ (животни)-ви претстои патување.

ПАРИ-ако примите пари – големи трошоци; лажни пари – загуба, лажни пријатели; ако најдете пари – среќа, новост; ако броите пари – добивка; ако изгубите пари – успех во работата; многу пари – неочекувана добивка; ако давате пари – зголемување на приходот; ако позајмувате пари – непријатности; ситни пари – богатство; златни пари – беда; ако менувате пари – несигурна работа; книжни пари – лаги; ако менувате златна пара за банкнота – лудост; ако примите фалсификувани пари – големо разочарување; ако плаќате со фалсификувани пари – смислувате нешто нечесно; ковани пари – недостижни планови; ако примате ковани пари – веридба; ако давате некому ковани пари – ќе направите невнимателен потеr, ако менувате метални пари за книжни – загуба; странски пари – види ДОЛАРИ.

ПАРИЧНИК-ако е полн – ќе изгубите пари; ако е празен – ќе најдете пари; ако изгубите паричник – непријатности; ако цврсто држите паричник за да не го изгубите – тешки финансиски проблеми.

ПАРК-богатство; ако шетате низ парк – безгрижен живот.

ПАРКЕТ-ви се надвиснала некоја опасност.

ПАРЛАМеНТ-ќе водите непријатни разговори.

ПАРНА МАШИНА-богатство.

ПАРОБРОД-преземате несигурни потфати.

ПАРТАЛИ-ако на сон собирате партали или стари крпи – слромаштија; ако сте облечени во партали – ќе имате срета во лагите; ако продавате партали – добра работа.

ПАРФЕМ-некој од вашата околина ќе ви приреди некакво задоволство; ако мирисате парфем – претерувате во своите барања; ако е ваш парфемот – грижи; ако купувате парфем – трошоци; ако подарувате парфем – си земате големи обврски; ако го добиете на подарок – не заборавајте ги пријателите.

ПАРЧЕ-ако нешто сечете на парчиња – ќе бидете оштетени.

ПАСИШТЕ-ако на сон видите пасиште – трудете се да поминете преку него, бидејќи само во тој случај ќе ве прати среќа на јаве; зелено пасиште – добри приходи; добиток на пасиште – благосостојба.

ПАСОШ-патување; ако изгубите пасош – ве очекуваат големи грижи.

ПАСТИР-пастир со убаво стадо – среќен семеен живот; пастир со слабо стадо – ќе ви се зголеми семејството; пастир со свињи – ќе ги победите непријателите; ако е женско (пастирка) – ќе имате пријатна средба.

ПАСТРМКА-ако плива во бистра вода – среќа; ако ловите пастрмка – добивка во игрите на среќа; ако јадете пастрмка – жални вести .

ПАСТУВ-ќе тежнеете кон надмоќност.

ПАТ-ве очекува среќа во туѓина; ако одите по рамен пат – ќе ви успее некој потфат; ако се возите по пат – ве очекува затвор; ако работите на поправка на пат – беда.

ПАТЕКА-ќе барате правда; рамна патека – среќа; широка патека – безгрижен живот; тесна патека – непријатности; патека со кал – жалост; ако одите по патека со кал – болест.

ПАТЕРИЦА-несреќа; ако ја фрлите – непријатности од кои сами ќе се извлечете.

ПАТЕЊЕ-ако на сон патите – на јаве ќе си ги решите проблемите.

ПАТКА-смирување со некој непријател; патка што плива – покана за важен состанок; патка на суво – грижи; ако ловите патки – ќе ви успее потфатот од кој веќе сте се откакале; дива патка – неочекуван успех; ако кубете патка – немир и кавги; ако јадете патка -задоволство.

ПАТЛИЏАН-успех на сите полиња.

ПАТНИК-ако на патник му пружите храна и конак – ќе ве даруваат.

ПАТОКАЗ-некој ќе ве потсети на нешто важно во вашиот живот.

ПАТУВАЊЕ-ако патувате по копно – ве чека важна работа полна со неизвесност, која само вас ве засега; ако патувате по море – важна работа полна со неизвесност, која се однесува на целото семејство.

ПАУН-паун со раширена опашка – благосостојба, среќа и успех во љубовта; ако го чуете како крешти – кавги; перце од паун – караница поради безначајни работи.

ПАША-неостварени надежи.

ПАШТЕТА-иако во сегашноста немате грижи, мислете и на иднината.

ПЕГЛА-грижи.

ПЕГЛАЊЕ-ненадејно патување.

ПЕЕЊЕ-убаво пеење – среќа; пеење без слух – несреќа.

ПЕЈАЧ/КА-ви претстојат радосни денови.

ПЕЈЗАЖ-убав пејзаж – пријатни моменти; пуст пејзаж – кавга и несреќа.

ПЕКАР-крај на грижите / родна година.

ПЕКАРНИЦА-благосостојба.

ПЕКОЛ-ќе го напуштите друштвото со кое сега се дружите.

ПЕЛЕНИ-валкани пелени – може даја изгубите самосталноста; ако ги перете – среќа во бракот; чисти пелени – ненадејна радост.

ПЕЛТЕЧЕЊЕ-ќе молите некого за нешто.

ПЕНА-непостојаност во љубовта.

ПЕНКАЛО-разочарување во домот.

ПЕНУШКА-на добар пат сте до потполно задоволство.

ПЕПЕЛ-слаба заработувачка; ако паднете во пепел – финансисха загуба; ако растурате пепел – смртен случај; ако одите го пепел – со лекоумноста ќе си наштетите; ако собирате пепел – ќе добиете подарок.

ПЕПЕРУТКА-непостојана среќа; ако ловите пеперутка – краткотрајна среќа; збирка од пеперутки – свирепост; ноќна пеперутка – несреќа.

ПЕРАЛНИЦА-ќе бидете на лош глас.

ПЕРАЧКА-ќе бидете во пријатно друштво.

ПЕРГАМЕНТ-среќа во љубовта.

ПЕРДУВИ-добри приходи и голема добивка; капа со пердуви – патување; црни пердуви – болест, а може и смрт.

ПЕРИКА-ќе бидете понижени; ако носите перика – преправањето нема да ви успее; ако ја видите на друг – некој ќе ве излаже.

ПЕРНИЦА-крај на грижите.

ПЕРУНИКА-ќе стекнете пријателство со весел човек.

ПЕРЦЕ (ЗА ПИШУВАЊе)-ќе имате работа со суд.

ПЕРЧЕ ОД КОСА-промена; ако исечете перче од коса – промена на подобро; ако плетете перче од коса – интриги.

ПЕСНА-ќе бидете тажни; ако слушате нескладно пеење – озборување; песна на птици – пријатно доживување; песна на ноќни птици – несреќа.

ПЕСОК-несигурен потфат / внимавајте на туѓите лаги, но и вие немојте да се служите со нив.

ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК-крајно време е да донесете одлука.

ПETEЛ-болест, смрт; ако кукурика – лоши вести; ако гледате како се тепаат петли – кавга.

ПЕТИЦА-ќе издадете некоја тајна; ако на сон почувствувате болка во петицата – ќе бидете оштетени.

ПЕТОК-ќе пропуштите некоја заработувачка.

ПЕТРОЛЕЈ-познанство со пријатно и интересно лице.

ПЕХАР-треба да сте поумерени; ако пиете вино од пехар – наскро и за вас ќе настапат денови на задоволство; ако скршите пехар – болест; сребрен пехар – ќе ви се случи нешто многу важно; златен пехар – ќе имате неволји поради својата злобност.

ПЕЧАТ-ако на сон видите печат на писмо – ќе чуете важна вест.

ПЕЧАТАР-треба да одите во чекор со времето.

ПЕЧАТНИЦА-углед и чест; боја за печатење – чувајте се од болести.

ПЕЧЕЊЕ-печење леб – судбината е во ваши раце; ако гледате жена како пече колачи – ќе добиете дете; ако гледате маж како пече колачи – некој ќе ве озборува.

ПЕЧИВО-ако вадите печиво  – доаѓаат подобри времиња; ако гледате печиво – покана за свеченост.

ПЕЧКА-вжарена печка – голем успех; ако се греете на печка – благосостојба; студена печка или печка без оган – немаштија; ако се изгорите на печка – ќе ја изгубите самодовербата; ако ложите печка – среќа во домот.

ПЕЧУРКА-ако јадете печурки – залудно се надевате дек ќе се радувате; ако берете печурки во шума – ќе тргнете по погрешен пат / внимавајте во љубовните потфати; ако видите печурки – болест, лага.

ПЕШТЕРА-ќе ве напуштат пријателите; ако се качувате над пештера – ќе успеете во нешто, но со големи напори; ако стоите над пештера – ќе ги надминете сите тешкотии; ако се наоѓате во пештера – од некого ќе добиете некакво објаснување.

ПИВО-светло пиво – здравје; заматено пиво – кавги; темно пиво – добри приходи; ако истурате пиво – непријатности; ако точите пиво – ќе бидете поканети на некоја свеченост; празна чаша од пиво – не бидете премногу доверливи; ако пиете пиво од мала чаша – не вреди да се борите за идејата.

ПИЕЊЕ-ќе ви се случи некоја незгода; ако пиете од убава чаша – среќа; неумерено пиење – ќе ве презираат; ако пиете чиста течност – добро расположение; ако пиете матна течност – болест; ако пиете вино – ќе се ослободите од грижите.

ПИЖАМА-имате блудни желби; ако облекувате пижама – неуспех во работата; ако соблекувате пижама – успех во работата, но само ако се потрудите; искината пижама – пазете се од непријатни напади врз вашата чест.

ПИЈАВИЦА-чувајте се од лихвари.

ПИЈАНИЦА-ќе ви биде нанесена штета поради туѓа вина.

ПИЈАНКА-среќа и задоволство во пријатно друштво.

ПИЈАНО-среќен брак.

ПИЈАНСТВО-ако сонувате дека сте пијани – тоа е многу поволен знак.

ПИЛА-разочарување, судири и караници со околината.

ПИЛАНА-наскоро некои важни работи ќе бидат решени успешно.

ПИЛИЊА-деловен успех.

ПИЛУЛИ-ве очекува неволја, а можеби u болест.

ПИПЕРКА-кавга.

ПИРАМИДА-можеби ќе тргнете на интересно патување, а можебн тоа ќе остане само неостварена желба.

ПИСМО-ако примите писмо – добри вести, финансиска добивка; ако пишувате писмо – се подготвува некаква глупост ако читате писмо – некои непријатни настани нема да ве изненадат; изгубено писмо – лоши вести; ако го запалите писмото – ќе имате непријатности; ако лепите писмо – чувајте си ја тајната.

ПИТОН (змија)-нови познаници.

ПИШТОЛ-ако видите или ако купите пиштол – непријателство, опасност; ако пукате од пиштол – внимавајте, некој ви се заканува.

ПИШУВАЊе-добри вести; прибор за пишување – ќе избегнете некој опасност.

ПЛАВА БОЈА-ви претстојат пријатни моменти.

ПЛАЖА-пријатни новости.

ПЛАКАТ-ненадејна пријатна вест; ако го видите своето име плакат – покана за свеченост.

ПЛАМЕН-рамен пламен – победа; ако пламенот се витка на лево – среќа; ако се витка на десно – среќа.

ПЛАНИНА-почитување и углед; ако се качувате на планина – тешкотии на животниот пат; ако слегувате низ планина – непостојаност и малодушност.

ПЛАНИНАР-со работа ќе ги постигнете своите цели.

ПЛАНИНАРЕЊЕ-ќе бидете вплеткани во некој спор; чевли за планинарење – плановите ќе ви се развиваат поволно; стап за планинарење – потпрете се врз своите сопствени сили; планинарски водич – некој пријател ќе се обиде да ви наштети.

ПЛАНИНАРСКА КУЌА-ќе постигнете некоја цел.

ПЛАТА-ако на сон добиете плата – неочекувана среќа.

ПЛАТНО-мираз, наследство / непотребно е да и се потчинувате на околината.

ПЛАЌАЊЕ-ако вие плаќате нешто на сон – не е добар знак; ако гледате како други плаќаат – добивка.

ПЛАЧЕЊЕ-голема среќа; ако гледате како друг плаче – некое ваше блиско лице ќе биде ожалостено.

ПЛАШЛИВОСТ-ако на сон се покажете како плашливец – ќе изгубите некој спор.

ПЛЕВЕЛ-загуба, залудно трошење време во работа од која нема корист; ако собирате плевел – голема жалост.

ПЛЕТЕНКА (КОСА)-ситуацијата во која се наоѓате е посериозна отколку шт о мислите; ако ја исечете – ќе прекинете со некои стари навики; ако ја плетете – неверство.

ПЛЕТЕЊе-ако плетете волна – грижи.

ПЛИВАЊЕ-ако пливате во бистра вода – успех на сите подрачја; ако пливате во матна вода – тешкотии; ако пливате со некоја цел или кон некоја цел – добивка; ако пливате спротивно на струјата – залудно се обидувате да ја постигнете целта.

ПЛИК-некој нешто крие од вас.

ПЛИМА-промени, најверојатно на лошо.

ПЛОВЕЊЕ-по вода – оздравување од тешка болест.

ПЛОЧА-испишана плоча – не заборавајте ги своите должности; празна плоча – поради својата глупост ќе имате неволји; ако пишувате на плоча – некому ќе се жалите поради своите неволји.

ПЛОЧНИК-далечен пат; ако го поправате – незгода, телесна повреда; ако го чистите – ве очекува пофалба или награда.

ПЛОШТАД-голем плоштад – наследство; мал плоштад – ќе доживеете незгода.

ПЛУГ-ако на сон видите или купите плуг – ќе добиете добар совет; ако гледате орање со плуг – пријателите ќе ви помогнат; ако сами орате – благосостојба.

ПЛУКАЊЕ-ако некого исплукате или некој ве исплука – среќа.

ПЛУСКАВЕЦ-тага, неуспех, болест, смрт на некое вам познато лице.

ПОБЕДА-ако на сон извојувате победа над некого – кратко ќе уживате во среќата.

ПОБРАТИМУВАЊе-ако на сон се побратимите со некого – непријатности.

ПОБУНА-жестока расправија.

ПОВОРКА-парична загуба / краток пат.

ПОВРАЌАЊЕ-ако на сон повраќате – кратка болест; ако се извалкате при повраќање – ќе бидете навредени; ако друг повраќа – добра работа.

ПОВРЕДА-ако сонувате дека сте повредени – понижување; ако повредите некого – ќе ви водат инает; крвава повреда – загуба на имот.

ПОГАЧА-мали задоголства; ако ја јадете – благосостојба; ако ја месите – веселба.

ПОГРЕБ-големи трошоци за неважни работи; туѓ погреб – голема радост; раскошен поrреб – добивка; сиромашен погреб – тешка борба за опстанок; свој погреб – добро здравје и долг живот.

ПОДАРОК-ако подарувате – ќе ви се исплати добрината / непромислени постапки; ако добиете подарок – подобруваље на ситуацијата / внимавајте да не ве излажат; ако на сон одбиете подарок – ќе избегнете некоја неволја.

ПОДВОДЕН РИБОЛОВ-ако ја совладате опасноста која ви се испречила на патот до целта, ќе уживате во благосостојба.

ПОДВОДНА КАРПА-тешкотии во работата кои тешко ќе се совладаат.

ПОДРУМ-ако на сон седите во подрум – ќе ве пуштат од затвор; полн подрум – благосостојба постигната со штедливост; празен подрум – расфрлате пари без потреба; ако влегувате во подрум – среќа; ако не можете да излезете од подрум – болест; ако гледате како други влегуваат – не плашете се од своите непријатели; ако паѓате по скали во подрум – големи непријатности; ако живеете во подрум – непријатности, неуспеси.

ПОДУЧУВАЊе-ако некого подучувате – ќе бидете поканети на гости; ако вас ве подучуваат – се додека се потпирате на други нема да постигнете успех.

ПОЕТ-ако сонувате дека сте поет – многу фантазирате.

ПОЖАР-голема радост; колку е пламенот поголем и посветол – толку поголема ќе биде вашата радост; пожар со многу чад – поматена веселба.

ПОЖАРНИКАР-опасност.

ПОЗДРАВ-ако поздравувате познаник или пријател – пријатни вести; ако поздравувате непријатели или соперници – слога и помирување; ако некој ве поздравува – непријатности.

ПОЗНАНИК-ако сонувате како среќавате некој познаник – ќе ви се исполнат тајните љубовни желби.

ПОЈАДОК-успех.

ПОЈАС-богато украсен појас – благосостојба; ако најдете појас – ќе стекнете нечија доверба; ако изгубите појас – нема да ви се остварат вашите моментални желби; златен појас – скоро венчавање.

ПОКАЖУВАЊЕ СО ПРСТ-ако на вас се покажува со прст – некој ќе ве прогонува.

ПОКАНА-ако вас ве канат на гости – пазете се од сопствената чеснољубивост; ако вие каните некого – ќе присуствувате на некоја свеченост.

ПОКЛОНУВАЊЕ-ако на сон се поклонувате – на јаве ќе се покорувате.

ПОКРИВ-сигурен живот, поддршка од вашите заштитници; ако седите или стоите на покрив – задоволство и углед; ако паднете од покрив – лоши вести, неповолни настани ако поставувате покривот – за вљубените – вечавање, за оние во брак – децата ќе ве израдуваат; покрив што гори – услех во работата; птици на покрив – патување; ако гледате керамида да паѓа од покрив – ќе ви се испречат препреки на патот до успехот.

ПОКРИВКА-ќе биде откриена некоја вистина од која се срамите.

ПОКУЌНИНА-свадба; покуќнина во безредие – вашата невнимателност ќе ви донесе загуба.

ПОЛАРНО СВЕТЛО-неочекувана радосна вест.

ПОЛЕ-неплодно поле – сиромаштија; ако обработувате голе – корисна работа; ако мерите поле – ви претстои добра заработувачка.

ПОЛЖАВ-среќа и успех; повеќе полжави – треба добро да размислите пред да донесете одлука; ако се движи – споро, но сигурно ќе стигнете до целта што сте сија поставиле; ако јадете полжави – добри вести; куќичка од полжав – ќе добиете убав, неочекуван подарок.

ПОЛЗАВЕЦ-озборување, подмолност.

ПОЛИП-патување.

ПОЛИТИКА-ако на сон разговарате со некого за политика – караница со пријателите.

ПОЛИЦА-углед и почитување.

ПОЛИЦАЕЦ-ќе наидете на препреки со непријатни последици.

ПОЛИЦИЈА-пазете се од нечесни и двосмислени работи.

ПОЛКОВНИК-голема среќа; ако разговарате со него – ќе расчистите една замрсена ситуција.

ПОЛОВИ ОРГАНИ-машки – проблеми; женски – ќе се покажете како кукавица.

ПОНЕДЕЛНИК-не приредувајте непотребни свечености.

ПОНИЖУВАЊЕ-ако на сон доживеете некое понижување – некој ќе ви подари наклоност и пријателство; ако вие понижите некого – ќе имате непријатели.

ПОНОР(амбис)-ако паднете во понор – сте избегнале некоја опасност, а не сте ни забележале; ако гледате понор или стоите на работ од понорот – внимавајте во работата и посветете повеќе внимание на своето здравје.

ПОП види – СВЕШТЕНИК

ПОПЛАВА-грижи, загуба / еден ваш близок човек ќе доживее неуспех; ако ве зафати поплава – добивка.

ПОРАЃАЊЕ-ако присуствувате на пораѓање – ќе бидете повикани на суд како сведок; ако помагате при пораѓање – ќе добиеге милостина; ако сонувате како се пораѓате – семејна cpeќа, за девојки – болно искуство.

ПОРОТНИК-непријатности.

ПОРТОКАЛ-предзнак за подмолно пријателство; кисел портокал – болест; портокали на дрво – љубовни јадови; ако ги берете – ве чека среќа во иднина; ако јадете портокал – ќе ви се исполнат надежите / ќе доживеете љубовна авантура; ако лупите портокал – долго ќе се мачите пред да си ги исполните желбите; ако купувате портокали – љубовта ви е возвратена.

ПОРТРЕТ-свој портрет – ќе ги увидите своите грешки; туѓ портрет – нова љубов.

ПОРУЧЕК-ако сонувате дека е поручек – ви претстои сигурна добивка.

ПОРЦЕЛАН-благосостојба; скршен порцелан – болест; ако купувате порцелан – ќе основате свој дом.

ПОСЕТА-весело друштво; служебена посета – непријатности; неочекувана посета – непријатно изненадување; ако вие одите во посета – минливи непријатности.

ПОСЛУГА-домашни грижи.

ПОСЛУЖАВНИК-посета.

ПОСЛУЖУВАЊЕ-ако послужувате некого – ќе зависите од некој.

ПОСРЕДНИК-очекувајте некои непријатни вести или непријатна посета.

ПОСТАВА-на облека – штета; шарена постава – непријатности; бела постава – уживање; искината постава – работата, што сте ја започнале, треба што побрзо да ја завршите.

ПОСТЕЛА-болест, грижа на совест.

ПОСТЕЊЕ-немаштија.

ПОТ-болест.

ПОТКОВИЦА-добивка во игри на среќа; ако ја најдете – среќа; ако потковувате коњ – доаѓаат тешки времиња.

ПОТОК-ако стоите или се капите во поток – скоро оздравување; бистар поток – пријатна иднина; поток со риби – корисна работа; поток што полека тече – имате немарни и мрзливи соработници на работа; голем поток – удобен живот; плиток поток – единствено сами можете да си помогнете; длабок поток – неискрени пријатели; матен поток – неволји; исушен поток – доаѓаат тешки времиња; ако се видите во поток – среќа и добивка во игри на среќа; брз или надојден поток – болест, смрт, непријатности.

ПОТПЕТИЦА (НА ЧЕВЕЛ)-види – ТОПУК

ПОТПОЛОШКА-види – ПРЕПЕЛИЦА

ПОФАЛБА-ако ја добиете – озборување; ако вие пофалите некого – ќе стекнете пријатели.

ПОЦРВЕНУВАЊЕ-ќе бидете добро расположени.

ПОЧЕСТ-подобро е на сон вие да укажувате почести на други отколку другите вам.

ПОЧЕТНИК-успех, но со многу труд.

ПОШТА-ако добиете пошта – исполнување на желбите; ако испраќате нешто по пошта – ќе ви се исполнат некои очекувања; поштенска зграда – вестите се на пат кон вас; поштенска кола – патување, посета; поштенско сандаче – би требало да им се јавите на оние кои од вас очекуваат вести; поштенски службеник – ве очекува писмо или посета.

ПОШТАР-безгрижен и весел живот.

ПРАБАБА/ПРАДЕДО-добивка, долг живот.

ПРАГ-ќе основате свој дом.

ПРАЗНИК-грижи.

ПРАМЕН-види – ПЕРЧЕ ОД КОСА

ПРАПОРЕЦ-брбливоста и фалењето може да ве доведат во непријатна ситуација; ако слушате звук од прапорец – новости.

ПРАСЕ-живо прасе – болки; печено прасе – не верувајте во се што ќе ви кажат.

ПРАСКА-среќа која веќе сте ја сметале за изгубена; ако јадете праски – средба со драго лице; ако гледате праски на дрво – ќе паднете во искушение; ако подарувате праски – новата околина добро ќе ве прифати.

ПРАШИНА-изненадување на пат.

ПРАШУМА-сигурност и успех; ако залутате во прашума – ќе се најдете во заплеткана ситуација.

ПРЕВЕДУВАЊЕ-од странски јазик – околината ве цени и ве почитува.

ПРЕВЕЗ-ако носите превез – една тајна ќе излезе на виделина; ако видите некој како носи превез – ќе добиете неочекувана помош.

ПРЕВРТУВАЊЕ-болест; ако видите како некој се превртува – ќе го смените мислењето за некој познаник или пријател.

ПРЕГАЗУВАЊЕ-ако ве прегазат – ќе се ослободите од некоја опасност; ако вие прегазите некого – ќе се најдете во многу непријатна ситуација.

ПРЕГЛАДНЕТОСТ-ако сонувате дека сте прегладнети – немате пријатели.

ПРЕГРАДА-непријатности.

ПРЕГРАТКА-ако го прегрнете саканото лице – среќа; ако прегрнете пријател – несреќа; ако прегрнете лице од спротивниот пол – желбите ќе ви останат неисполнети / некој ви ласка.

ПРЕДАВАЊЕ-ако слушате предавање – тага; ако држите предавање – некој ве обожава.

ПРЕДАВНИК-крај на грижите.

ПРЕДАВСТВО-ако вие предадете некого – ќе имате големи грижи; ако некому се предавате – ќе ви се остварат плановите.

ПРЕДЕЊЕ-среќа во љубовта.

ПРЕДИВО-чувајте се од невистини.

ПРЕДИЗВИК-ако ве предизвикуваат – нема да се смирите со непријателите; ако вие предизвикувате некого – ќе стекнете нови непријатели.

ПРЕКИН-ако на сон прекинете односи со некого (или прекинете нешто во врска со работа) – и вашите планови и вашиот добар глас се во опасност.

ПРЕЛИСТУВАЊЕ-ако на сон прелистувате книга или весник – може лесно да ви се остветат за вашата непостојаност.

ПРЕНОЌУВАЊЕ-долго патување.

ПРЕПЕЛИЦА-вести од далеку; ако јадете месо од препелица – тешкотии.

ПРЕПРАВАЊЕ-страв пред непријателите.

ПРЕСКОКНУВАЊЕ-ако на сон нешто прескокнувате – ве очекува успех во работата и во љубовта.

ПРЕСТИГНУВАЊЕ-ако на сон некого престигнувате – долг живот.

ПРЕСТИЛКА(СКУТНИК)-треба да совладате некои препреки за да си ги остварите плановите; ако ја носите – стравувате од непријатности; ако е искината – опасност од злоба и озборување; ако ја изгубите – разочарување.

ПРЕСТОЛ-ненадејни промени на лошо.

ПРЕТСОБЈЕ-неисполнети надежи.

ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ-ако на сон нешто пречекорите – трудот ќе ви биде награден, иако ви е потребно повеќе време.

ПРЕЧКА-ако наидете на пречка – на вашиот животен пат ви стојат многу пречки.

ПРЖЕЊЕ-ако на сон нешто пржите – наскоро ќе се впуштите во работа која ќе ви донесе голема корист.

ПРИБЕЖИШТЕ-ако најдете прибежиште – ведра иднина; ако барате прибежиште – имате верни пријатели кои ќе ви помогнат.

ПРИВИДЕНИЕ-ако видите привидение ноќе – некој ќе ве предаде; бело привидение – радост; црно привидение – жалост.

ПРИЗЕМЈЕ-смирен и задоволен живот.

ПРИЗНАНИЦА-ако ја примите – парична добивка; ако ја давате – благосостојба; ако ја пишувате – ќе стекнете непријатели.

ПРИЈАТЕЛ-ако на сон сретнете некој свој пријател – неочекуван настан; ако јадете со него – непријатности; ако сонувате пријател кој е мртов – ќе чуете важна новост; ако изгубите пријател – несреќа; ако го изневерите – ќе се посрамите; ако го видите болен – се подготвува некое злодело; ако го испраќате – тага; ако се расправате со него – тоа е добар знак; ако се смирувате – лош знак; ако се тепате со пријател – болест.

ПРИЈАТЕЛСТВО-ако на сон склопувате пријателство – пазете се од својата околина; ако ве изневерат пријателите – ќе се извлечете од некои непријатности.

ПРИСЛУШУВАЊЕ-ако на сон прислушувате туѓи разговори болест, непријатности.

ПРИСТАНИШТЕ-патување; ако има многу бродови – добри вести; ако впловувате со брод во пристаниште – исполнување на желбите, мир и среќа.

ПРИТИСОК-ако на сон чувствувате некаков притисок – болест.

ПРОВАЛИЈА-ако видите провалија – се плашите од нешто; ако турнете некого во провалија – голема неволја; ако паднете во провалија – ве очекуваат големи непријатности; ако го избегнете падот – неочекуван спас од некоја тешка ситуација; ако скокнете во провалија – со своите постапки се доведувате во опасност; ако некој друг скока во провалија – ќе бидете во опасност поради туѓа вина.

ПРОГОНСТВО-ве очекува значајна промена; ако вие прогонувате некого – опасност / болест.

ПРОГРАМА-ако слушате програма – ќе бидете оштетени поради вашата љубопитност.

ПРОДАВАЊЕ-грижи, загуба; ако продавате безвредни работи – ќе решите некои проблеми и дилеми.

ПРОЗОРЕЦ-затоврен прозорец – сомнителна работа; ако излегувате низ прозорец – ќе пропуштите некоја работа; ако паднете од прозорец – ви се заканува опасност; ако гледате низ прозорец – новости; ако влегувате дома низ прозорец – бес и кавги; многу прозорци – среќа.

ПРОЛЕТ-убава и среќна иднина / убави вести од некое вам драго лице.

ПРОЛИВ-ако сонувате дека имате пролив – грижи и недоразбирања дома.

ПРОНАЈДОК-чувајте се од брзи заклучоци.

ПРОПАСТ НА СВЕТОТ-ве исмејуваат поради глупостите што ги правите.

ПРОПОВЕДНИК-болест.

ПРОРОК-верувате во лажни ветувања.

ПРОРОШТВО-ако чуете пророштво – исполнување на желбите; ако кажете пророштво – не ветувајте го она што не можете да го исполните.

ПРОСЈАК-ако видите просјак – вашите напори ќе бидат залудни; ако ви дојде дома – изненадување; ако дарувате просјак – некое ваше добро дело ќе биде наградено; ако искарате просјак – подарок; ако се сонувате како просјак – добивка во игри на среќа.

ПРОСО-успех, благодарение на случајни околности; ако јадете просо – извесно време ќе живеете скромно.

ПРОСТИТУТКА-ако е убава и млада – ќе уживате и тоа нема да ве чини ништо; ако е грда – залуден трошок; ако е невешта – труд и мака без смисла.

ПРОТЕГАЊЕ-ќе почувствувате смртен страв.

ПРОЦЕНТИ-ако на сон пресметувате проценти – ќе имате деловни грижи.

ПРОЦЕС (СУДСКИ)-ако водите процес – тешкотии; ако добиете процес – ве очекува успех во некој потфат, но само со голем напор; ако изгубите процес – нема да тече се така лесно како што сакате.

ПРСТ-болест; мал прст – караница; болен прст – веселба; ако видите рака без прст – штета; ако го исечете прстот до крв – ќе се здобиете со нечија љубов; убави прсти – почитување и углед во друштвото; валкани прсти – кавги и непријатности. (види – ПАЛЕЦ)

ПРСТЕН-свадба; ако некој ви подари прстен – ќе бидете заштитени од моќен човек; колку повеќе прстени на рака, толку поголеми успеси; ако најдете прстен – успех во љубовта; ако го изгубите – неверство; скршен прстен – кавга и разделба.

ПТИЦА-ако седи – жалост; ако лета – вести; ако ја уловите – добивка; птица во кафез – ќе ги надмудрите своите противници; бела птица – радосни вести; ако ја храните – ќе ги гоштавате пријателите; ако ја убиете – загуба; ако долетува кон вас – ви носи среќа; ако одлетува од вас – ви ја однесува среќата; домашни птици – подобрување на ситуацијата; ако храни те домашни птици – непријатности; птичји јајца – благосостојба.

ПУДИНГ-ве сакаат децата.

ПУДРА-трошењето ќе ве доведе до работ на пропаста.

ПУКАЊЕ-ќе одите на лов; ако пукаат на вас – пазете се од повреди; ако чуете само еден истрел – ќе се вљубите.

ПУКНАТИНА-внимавајте, се подготвуваат непријатности; ако стоите над некаква пукнатина – ќе западнете во непријатости.

ПУНЧ-ако пиете пунч – пријатни, но краткотрајни моменти; ако правите пунч – некои луѓе ја искористуваат вашата добрина.

ПУПКА ОД ЦВЕТ-ќе ви се исполнат љубовните желби, веридба.

ПУСТИНА-грижи, опасност.

ПУСТИНИК-бидете задоволни и со малку.

ПУТЕР-ако јадете путер – караница со пријателите; ако правите путер – ве очекува лесен живот; ако купувате путер – Расипништвото ќе ве упропасти.

ПУШЕЊЕ-види ЦИГАРА

ПУШКА-ако пукате од пушка – не употребувајте сила во остварувањето на своите цели; ако носите пушка – потребна ви е заштита и помош; убава пушка – има шанси да се вљубите; ако одите на лов со пушка – неверство; пушка со сачми – кавга со пријателите или роднините.

ПЦУЕЊЕ-ако вие пцуете – кавга; ако чуете пцовка – срамота.

ПЧЕЛА-ако ги гледате пчелите како работат – добри изгледи во иднина; ако слушате зуење на пчели – за земјоделците – родна година, за останатите – загуба; ако ловите пчели – голема добивка; ако ги убивате – несреќа и немаштија; ако ве боцне пчела – ќе се случи нешто многу важно и одлучувачко.

ПЧЕНИЦА-изобилство и среќа.

ПЧЕНКА-пченка во поле – успех во работата; ако берете пченка – мирен и среќен живот; ако мелете пченка – ќе излажете неко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *