Женскиот оргазам не зависи само од вагината, клиторисот, менталната возбуда, предиграта или големината на пенисот, туку од сите овие комбинации заедно. За разлика од машкиот оргазам, кој е базиран на ерекција и ејакулација, женскиот е поброен, така што постојат повеќе од 10 видови.
- Клиторичен оргазам е најчестиот. Бидејќи самиот клиторис има повеќе од 8000 илјади нервни завршетоци, голем број жени најлесно на овој начин го доживува интензивното сексуално задоволство.
- Вагиналниот оргазам, за разлика од клиторичниот, е поттикнат од нервите кои се наоѓаат во внатрешноста на вагината. Овој може да се постигне само со пенетрација.
- Оргазам преку Г-точката, која се наоѓа 5 центиметри во предниот вагинален ѕид и е во големина на зрно. Г-точка е како внатрешен клиторис, а со стимулација се постигнува силен оргазам.
- Анален оргазам. Втората најголема концентрација на нервните завршетоци се наоѓа во анусот.
- У-точка е мал слој на осетливо ткиво кое се наоѓа директно над отворот на мочниот канал. Не е толку позната, како клиторисот, а нејзиниот еротски потенцијал сеуште се истражува. Меѓутоа, познато е дека со стимулација со прсти, јазик или пенис може да се предизвика силна еротска реакција.
- Силен продолжен оргазам. Се работи за интензивен клиторичен оргазам кој трае долго време. Се постигнува со контрола.
- Психички оргазам се доживува без допирање. Овој тип е базиран врз фантазија. Може да се постигне и со читање на еротски списанија, за оние со слаба имагинација.
- Зонски оргазам е поврзан со ерогените зони на телото. Некои жени можат да доживеат оргазам само со допири на одредени делови на телото, ерогени зони, како на пример, врат, уво, коса и сл.
- Оргазам со гради може да се доживее со допирање на гради или само брадавици. До ова можат да доведат разни техники на масажа. Во текот на стимулација на женските гради се ослободува хормон наречен окситоцин.
- Породилен оргазам жената може да го доживее при породувањето.
- Истовремен оргазам се постигнува кога двајцата партнери врвот на задоволството го доживуваат во исто време.
- Повеќекратен оргазам претставува способност да се доживеат повеќе оргазми за време на еден сексуален однос. Жените, за разлика од мажите, во посебни услови кои вклучуваат силна возбуденост, можат да доживеат повеќе одделни оргазми.
- Оргазам во сон. Понекогаш еротските соништа можат да доведат до оргазам, а кај мажите до ерекција и ејакулација, што е сосема природна појава кај мажите од сите возрасти. Соништата кај жените ги активираат центрите во мозокот кои се одговорни за оргазмот, а се наоѓаат во таламусот. Последици на ова се мали ерекции на клиторисот и стегање на вагината.
loading...