“Среќата ги создава пријателите, а несреќата ги проверува“ (Сенека)
Пријателството според дефиниција е позитивен однос меѓу двајца или повеќе луѓе, кои чувствуваат меѓусебна симпатија и доверба. Секојдневно сме сведоци на почеток и крај на некои пријателства, или пак на пријателства што минуваат низ одредени искушенија. Задржување на старите пријателства е потешко отколку стекнување ново. Како да ги препознаеме вистинските пријатели, во ера на недруштвеност, капитализам, себичност? И уште потешко – како да ги зачуваме?
Најпрвин треба да разликуваме што е познанство, а што пријателство. Сите ние имаме многу познаници околу нас, со кои се дружиме повремено, но дали навистина можеме да се потпреме на нив? Одржување на пријателските врски зависи од личноста на самиот човек. Имено, одредени луѓе имаат потреба постојано да се со своите пријатели, со нив да споделуваат се, додека пак други луѓе уживаат во повременото дружење и дистанца. То не значи дека таквите луѓе не се пријатели. Тие само ги гледаат нештата од поинаков аспект. Исто така треба да направиме селекција на луѓето што ги познаваме- кој е колега, сосед, пријател од детството и сл. Во текот на животот пријателите се менуваат, заради новите навики или интереси. Жените исто така секогаш прават грешка што ги “забораваат“ своите пријатели; се дружат само со пријателите на партнерот. Еве неколку совети за одржување на пријателство:
- чесност-кој би сакал да има пријатели кои се превртливи или лажат?
- одржување на дискреција-секое дружење не значи и споделување на лични прашања-љубов, финансии итн
- дистанца од нечиј брак или врска-сепак вие не сте тие што се во таа врска или брак
- дистанца од воспитување деца-бидејќи тоа се нивни деца, а не ваши.
- толеранција- доколку пријателите направат ненамерна грешка, од невнимание, не лутете се веднаш. Но ако грешката е тенденционза или повеќе пати се повторува, тогаш размислете дека тоа не ви се вистински пријатели?
- интерес – на професионален план, студии и сл
- тенденција – да му се мисли добро да другиот
- можност за давање помош и поддршка – во добри и лоши мигови во животот. Најлошата варијанта доколку ви се обрати пријател за помош е да речете “ не знам“ или “не ме засега“
- способност за реципротитет-доколку ви дадат, треба и да вратите
- способност секој да се покаже во вистинското светло, без страв од осуда поради направените грешки
- контактирајте почесто со вашите пријатели- телефонски, доколку не можете во живо да го направите тоа
- не одете ненајавени кај своите пријатели- тоа би било исто, и на вас некој да ви се наметне, а вие сте планирале нешто друго
- немојте да бидете неморални, недоверливи или супериорни-таквото пријателство е неодржливо
- немојте да се обидувате да спојувате две различни друштва со различни интереси-таквите пријателства обично завршуваат со расправии
- не одете на заеднички патување, одмор или викенд доколку немате исти ставови, навики, финансии или доколку сте нетолерантни- некои пријателства токму од оваа причина завршуваат веднаш по враќањето дома