Од што најмногу се плашат мажите? Ако ги изоставиме универзалните стравови од височина, тесни простори, длабочина, животни и сл. ќе се фокусираме на најчестите општи стравови поврзани со мажите.
1. Споредување
Секој маж сигурно понекогаш се прашувал дали е подобар од другите, односно се споредувал со бившите партнери на својата моментална девојка. Иако конкуренцијата им е во гените и понекогаш е добра, би требало да се концентрираат на своите чувства и страсти. Со техниката, со тек на време, лесно се владее, особено кога партнерите се во долга врска и знаат што им е битно.
2. Недостаток на ерекција
Еден од можеби најголемите стравови кај секој маж е “да не се покаже во битниот момент“. Ова најчесто им се случува на мажите кои поголем дел од денот размислуваат за тоа. Ова претставува психички проблем. Поретко тој проблем е поврзан со други физички проблеми. Ако мажите имаат идеја дека сексот мора да биде совршен и тие мораат да се покажат во најдоброто светло, најверојатно ќе се случи овој проблем, кој со тек на време, кога ќе се стекне меѓусебна доверба помеѓу партнерите ќе го снема.
3. Големината
Вечниот комплекс на мажите е големината. Уште од училишните денови се споредуваат со своите другари, а тоа продолжува и во текот понатамошниот живот. Сепак, големината не е гаранција за задоволство. Би требало да се пронајдат техники на заведување и будење на страст кои ќе ги заменат „недостатоците“, а сигурно и партнерката ќе биде позадоволна.
4. Траење
Еден од големите стравови на мажите во кревет е траењето на односот, односно, дали сексот ќе биде премногу краток или премногу долг. Но, траењето на сексот не е показател на квалитетот. На жените понекогаш им е побитна предиграта или некои други вештини како заведување и допирање.
5. Страв од сопствените чувства
Без оглед колку и да се обидуваат, тешко се справуваат со сопствените чувства, а уште потешко можат да ги споделат со партнерите. Тие се научени сами да ги решаваат своите проблеми, а своите чувства да ги изразуваат со дела, а не зборови.