Самоуверениот телесен говор веднаш ги привлекува жените. Доколку добро го правите ова, можете многу лесно да ги привлечете припадничките на понежниот пол без да кажете ниту еден збор. Психолозите проценуваат дека дури 90% од нашата комуникација е невербална. Тоа значи дека незнаењето како да го користите телесниот говор е поголем хендикеп од тоа да не знаете убаво да се изразувате. Еве три лесни чекори кои можете да почнете да ги вежбате веднаш, со цел да ја испратите вистинската порака:
- Веднаш престанете да користите несигурни гестови!
Најпрво, погледнете го телесниот говор на другите мажи. Следниот пат кога ќе излезете некаде, обрнете внимание на мажите кои се нервозни, не ги користат рацете и разгледуваат наоколку. Овој тип на лош телесен говор е многу почест отколку што мислите. Што ова ви вели за таквите мажи и нивниот карактер? Доколку забележите како се чувствувате кога ги набљудувате овие мажи, ќе сфатите дека тие всушност се несигурни во себе. Исто така несигурно ќе им изгледаат и на жените на кои ќе им пријдат. За да ги поправите своите несигурни гестови, станете свесни што правите со своето тело кога ќе се запознаете со некој, и внимавајте дали ќе ги направите истите грешки како и овие мажи.
- Второ, завземете повеќе простор
Набљудувајќи ги другите мажи, исто така ќе забележите дека некои од нив завземаат повеќе простор од другите и изгледаат како да се на “домашен терен”. Ова значи дека тие нема да направат простор за други мажи. Така тие праќаат порака до другите мажи дека се самоуверени, што на жените им изгледа многу привлечно. Исто така, ќе забележите дека овие мажи изгледаат одлучно, а нивните движења се побавни. Начинот на кој се движат прави да изгледаат сигурни во себе. Обрнете внимание на ваквите мажи (филмските звезди како Том Круз се добар пример) и пробајте да го присвоите нивниот говор на телото.
- Трето, научете како да навлезете во нејзиниот простор
Eдно од најпривлечните нешта за една жена е маж кој не се плаши да и’ се доближи и да навлезе во нејзиниот личен простор. Сепак, не го сфаќајте ова погрешно. Не зборуваме за тоа да се внесете во нејзиното лице и да направите да се чувствува непријатно. Велиме дека едноставно дека не треба да се плашите да и се доближите, па дури и нежно да ја допрете нејзината рака додека разговарате со неа. Не се плашете да флертувате, како што е случајот со повеќето мажи.
Доколку сте навистина сериозни околу подобрувањето на телесниот говор, единствениот начин да го направите тоа е да излезете и да го примените ова во пракса. Започнете со предлозите погоре, и набљудувајте ги внимателно другите мажи. Веднаш ќе сфатите што треба, а што не треба да правите. Потоа обрнете внимание на тоа како да го користите своето тело во различни ситуации. Многу брзо ќе ги забележите промените во тоа како луѓето реагираат на вас – и мажите и жените.