Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /home/ziu/public_html/wp-content/themes/sahifa/includes/widgets/widget-search.php:1) in /home/ziu/public_html/wp-includes/feed-rss2.php on line 8
лилјак – Здравје и Убавина http://zdravjeiubavina.com Здравјето пред се' Thu, 29 Sep 2016 12:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 Абориџински хороскоп http://zdravjeiubavina.com/astro/astro-profil/aboridzinski-horoskop/ http://zdravjeiubavina.com/astro/astro-profil/aboridzinski-horoskop/#comments Sat, 11 Jan 2014 16:16:58 +0000 http://zdravjeiubavina.com/?p=10781 Абориџините, австралискиот домороден народ, е познат по својата комплексна и разработена митологија. Ќе ве запознаеме со основните знаци на нивниот хороскоп. Јануари: Посум Ова се личности со силна, решителна и практична природа со дефинирани цели во животот. Неуспехот и тешкотиите не ги заплашуваат, но, освен цврст карактер, поседуваат и нежна и имагинативна внарешност. Февруари: Лилјак ...]]>

Абориџините, австралискиот домороден народ, е познат по својата комплексна и разработена митологија. Ќе ве запознаеме со основните знаци на нивниот хороскоп.

Јануари: Посум

Ова се личности со силна, решителна и практична природа со дефинирани цели во животот. Неуспехот и тешкотиите не ги заплашуваат, но, освен цврст карактер, поседуваат и нежна и имагинативна внарешност.

Февруари: Лилјак

Луѓето лилјаци се многу чувствителни и понекогаш тешко се вклопуваат во својата околина, бидејќи поставуваат емоционални пречки помеѓу себеси и другите. Токму заради тоа, своите искрени мислења често ги задржуваат во себе.

Март: Биљбиљ

Силна интуиција и природно разбирање на животот, се главните одлики на овие личности. Нивната емпатија и чувствителност често ѓи прави срамежливи и повлечени. Нивната најголема моќ лежи во љубовта кон знаењето, кое лесно го впиваат.

Април: Динго

Оние родени во знакот на Динго се независни и преферираат сами да ги сработат сите свои задачи. Имаат силна потреба од креативност, а самоконтролата и внимателноста кон другите не им се силни точки.

Мај: Вомбат

Вомбатите се тврдоглави, решителни и не сакаат да ги брзаат при донесувањето одлуки. Знаат да бидат резервирани, упорни, а понекогаш и премногу напорни.

Јуни: Платипус

Нервозни, немирни и интелектуални, одлични во комуникација и им прилегаат кариери поврзани со трговија, пишување, новинарство и право.

Јули: Коала

Коалите се романтични, емотивни и имаат јака имагинација. Нивните животи најчесто се помеѓу екстремните на многу добра или многу лоша среќа. Обично се успешни во своите потфати бидејќи не се откажуваат лесно.

Август: Крокодил

Овие луѓе се горди, страсни, амбициозни и со голем интерес за социјалните случувања. Сакаат друштво, возбуда и си поставуваат многу високи цели.

Септември: Гуштер

Луѓето гуштери се итри, дипломати и активни. Не се залажуваат лесно и тешко нешто може да им се наметне. Го почитуваат редот, системот и дисциплината.

Октомври: Ему

Личностите родени во месецот на Ему се уметнички настроени, љубители на убавината, елегантни, перцептивни и праведни.

Ноември: Ехидна

Ехидните се критични, претпазливи и резервирани. Поседуваат тивка и неразбирлива енергија и голема сила која се манифестира во сето она што го работат.

Декември: Кенгур

Кенгурите се ентузијасти и отворени, но нивната става на личност која знае се’ може да ги трансформира во шарлатани кои само зборуваат, но ништо не постигнуваат.

]]>
http://zdravjeiubavina.com/astro/astro-profil/aboridzinski-horoskop/feed/ 5