Домашен рецепт за зголемување на волуменот на косата

loading...

Домашен рецепт бр. 1

  • 1 лажица мед,
  • 1 жолчка,
  • 1 лажица маслиново масло,
  • 1 лажица јаболков оцет,
  • 1 лажица шампон.

Сето ова се меша добро и се става на коренот на косата, а потоа по целата должина на косата. Се остава да отстои околу 1 час, а потоа се мие. Косата делува здраво и со волумен по миењето.

 Домашен рецепт бр. 2

По шампонирањето, исушете ја косата со крпа. Ставете алое вера гел по должина на скалпот и оставете 10 минути, а потоа измијте со вода. Нанесете масло од јојоба кое ќе ви даде сјај и мекост на косата. Исто така, доколку сакате, можете да ја направите постапката така што прво ќе нанесете алое вера гел, а потоа ќе ја шампонирате косата. Истата маска за коса од алое вера може да се користи и со сок од половина лимон. Со оглед на фактот дека смесата е потечна, внимавајте и облечете постара маица или ставете капа за туширање. По 10-15 минути измијте. Оние со свежо бојадисана коса не треба да користат лимон. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *