Првутот е безопасен козметички проблем. Во принцип, сите луѓе имаат првут.Темето постојано се обновува, а мртвите клетки се излачуваат во форма на првут. Причините за формирање се различни, а го имаат и мажите и жените. Се појавува поради прекумерна хигиена, односно пречесто миење на косата, миење со агресивен шампон, користење на гелови, спрејови и креми, бои и сл. Сепак, причината за формирање на првут е кожна габа наречена Malassezia furfur. На овие габи масните киселини им се неопходни за опстанок, а тие се наоѓаат во областа на лојните жлезди, односно на главата. Овие габи ја иритираат кожата и предизвикуваат чешање. Оваа појава обично се појавува помеѓу 15 и 25 годишна возраст, бидејќи во пубертет доаѓа до зголемено лачење на жлездите. На ова влијаат и генетските фактори, хормоните, климата, стресот, алергиите и исхраната. Во тешките случаи ова може да биде реакција на болести како што се псоријаза, розацеа или невродерматитис. Ако темето е црвено или се појавува осип, треба да се консултирате со вашиот лекар за кожни болести. Постојат и различни видови на првут: мрсен, (карактеристични се жолти “снегулки“, во различни големини, залепени едни до други), и сув, (карактеристични се еднакви парчиња, тркалезни и мали, кои можат да се видат и на облеката). Ова обично се јавува ако имате суво теме.
Најдобро се отстранува со соодветен шампон. Во аптека можете да најдете шампони кои одговараат на различни типови коса, односно, шампони за мрсна или сува коса. Ако нормалните шампони не делуваат, побарајте специјални медицински шампони против првут. Претходно, советувајте се со вашиот лекар, односно фармацевт.
Постојат и природни препарати кои можат да ви помогнат со овој проблем.
- Јаболковиот оцет е познат по своите антибактеријски својства. Измешајте го со вода во иста пропорција. Измијте ја косата со оваа мешавина, а следниот ден измијте ја косата со благ шампон.
- Кокосовото масло е исто така добро. Масирајте го темето со 2 лажици кокосово масло половина час пред да ја измиете косата со шампон. Ова практикувајте го најмалку 3 пати неделно.
- Рузмаринот го стимулира растот на косата и помага во обновувањето на темето. Исечкајте 3-4 гранчиња рузмарин и прелијте ги со литро врела вода. Оставете да стои 24 часа. Потоа истурете ја оваа течност во шише. После секое миење коса попрскајте ја косата и не ја плакнете.