5 најдобри есенцијални масла за сјајна и блескава кожа

Најверојатно имате свои омилени производи за нега на кожата, но колку од нив содржат состојки кои не се природни? Понекогаш е добро да се определите за 100% природни масла, бидејќи ќе се изненадите колку тие всушност можат да ви помогнат. Исто така, многу е важно да се знае кое масло како се користи, затоа добро истражете ја неговата употреба пред да решите да го ставите на вашата кожа. На пример, некои масла, како она од чајно дрво, мора најпрво да се разреди со вода, бидејќи во спротивно може да предизвкика изгореници и иритација.

loading...
  • Масло од семе од морков

Ова масло со боја на ќилибар се добива со цедење на семето од морков. Одлично е за сува кожа, оштетена од сонцето, како и за зрела кожа со брчки. Ако кожата ви се суши и пука во текот на зимата или пак ви делува уморно и бледо, ова масло ќе ви го врати здравиот сјај на лицето. Исто така, маслото од семето од морков може да го користат и оние со сува и оние со мрсна кожа на лицето. 

  • Масло од лаванда

Маслото од лаванда се користи за сува или зрела кожа како и за расна или чувствителна кожа. Овa повеќефункционално масло исто така ќе ви помогне да се смирите и опуштите. Има антигабични, антивоспалителни и антибактериски својства. Многу дерматолози и луѓе кои се занимаваат со ароматерапија, сметаат дека маслото од лаванда е едно од најкорисните масла за лечење на акни, затоа ги спречува бактериите кои предизвикуваат инфекции. Освен што е добро за сите типови на кожа, одлично е и за мешање со скоро секое друго есенцијално масло. 

  • Масло од лимонова трева

Маслото од лимонова трева е одличен избор доколку сакате кожата да ви биде сјајна и блескава, бидејќи има регенеративни својства како и својства за детоксификација на кожата. Ова природно индиско масло ќе ви помогне да спречите развој на бактерии и микроби на кожата. Може да се користи и како фунгицид, астригент, како и за смалување на видливоста на порите. 

  • Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво е одлично за мрсна и чувствителна кожа. Оние кои страдаат од акни, би требало да знаат дека ова масло има ист ефект како бензоил-пероксидот, но без агресивниот спореден ефект. Како и маслото од лаванда, и ова масло има антифунгални и антибактериски својства. Можете да го користите за да ја обновите кожата на природен начин, затоа што може да третира изгореници и исеченици, додека многу нежно ја смирува и чисти кожата. 

  • Монои масло

Вистинското монои масло доаѓа од Тахити, каде се користи веќе илјадници години. Староседелците го користеле за религиозни обреди, како и за медицински и козметички цели. Ова масло се прави од билката Монои, така што нејзиниот цвет се потопува во кокосово масло. Монои маслото ќе ви помогне кожата да ви заблеска, бидејќи има долготрајни хидратизирачки способности, а исто така ја прочистува и смирува кожата. Може да се користи и за заштита  од сонце и постигнување на посакуваниот тен. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *