Сакате по природен пат да потемните, без премногу штетно излагање на сонцето или одење во канцерогените солариуми? Постојат природни препарати наменети за таа цел, кои се безопасни, а лесно се подготвуваат. Потребни ви се чај, какао или морков. Постои и опција за правење на креми за потемнување, но тие се краткорочни и имаат свои недостатоци. Прочитајте неколку трикови за природно потемнување на кожата за луѓето кои немаат време или едноставно не сакаат да се изложуваат на сонце предолго време.
Потемнување со помош на чај
За потемнување на кожата со помош на чај потребни ви се вода и ќесички темен чај, како на пример црн чај. Ставете најмалку две ќесички црн чај во 2 литри зовриена вода и оставете покриено 30 минути. Потоа фрлете ги ќесичките и оставете го чајот да се излади. Ставете го во шише и намачкајте на чиста кожа, на која сте направиле пилинг. Чекајте чајот целосно да се исуши пред да облечете облека. Во повеќето случаи, речиси сите бои се мијат со туширање, но овој трик е добар за краткорочна употреба. Исто така, можете да направите бања. Ставете 25 кесички црн чај во топла вода и бањајте се околу 30 минути во истата.
Потемнување со помош на какао
Тен може да се добие и ако се измеша 100% чист какао прав со лосион за тело (во сооднос 1:4). Смесата се применува поденакво, со кружни движењаа, на кожата. Битно е кожата да е чиста. Имајте на ум дека овој третман е пократок од третманот со чајот.
Потемнување со помош на морков
Единствената маана на овој третман е што бојата излегува повеќе портокалова, но ако тоа не ви пречи, можете да се обидете да го смените тенот и со помош на морков. Потребни ви се 3 литри вода, 1 кг моркови (со кора) и 2 чаши кафеав шеќер. Можете да додадете и пола чаша алое вера гел. Морковот се мие и се сечка на кругови. Кога водата ќе зоврие се додаваат шеќерот и морковот. Кога смесата ќе се излади се става во шише, спреј, и се нанесува на кожата, со кружни движења. Оваа боја е долгорочна, но препорачливо е да се направи пилинг на кожата пред да се користи оваа смеса. Исто така, препорачливо е и редовно навлажнување на кожата со хидратантен лосион.