Позитивноста како животен стил

loading...

Некои луѓе изгледаат секогаш среќно бидејќи ја прифатиле позитивноста како животен стил. Тие секогаш се насмеани и несвесно ја шират позитивната енергија на луѓето околу нив. Да се поседува вакви луѓе околу себе е вистинско богатство. Како да ги препознаеме позитивните личности?

Смирени и умерени се – нивната интонација не е висока и нивните зборови се добро промислени.

Насмеани се – нивниот пристап е со постојано присуство на насмевката.

Свесни се дека може да биде полошо – тие се соочуваат со проблемите како и сите други, но научиле дека колку и да е лошо, може да биде полошо.

Го живеат животот – не ги живее животот нив.       

Живеат за себе, не за другите – тие среќата ја пронаоѓаат во себе и најблиските, не ги слават несреќите на другите.

Секој ден е последен – имаат планови за иднината, но работат како да е нивниот последен ден.

Кога еднаш позитивноста ќе стане животен стил, личноста се менува и станува посреќна. Таа полесно се соочува со проблемите, пронаоѓа едноставни, но функционални решенија и продолжува напред. Позитивните луѓе ни даваат енергија, а негативните ја крадат од нас. Сите тие можат да бидат дел од нашето семејство, наши колеги, пријатели или познаници. Дали ќе заблескаме со позитивност или ќе останеме тажни и нерасположени е наша сопствена одлука. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *