Зошто плачеме?

loading...

Научниците веруваат дека постојат две главни функции на плачење: да се смириме кога сме емотивно потресени и како комуникација со другите, односно, сигнализација на чувства со кои се обидуваме да влијаеме на нечие однесување. Така постојат 5 различни видови на солзи: солзи предизвикани од физичка болка, емоционална болка, емпатични, социјални и сентиментални солзи.

Постои голема разлика помеѓу солзи предизвикани од тага или среќа. Од гледна точка на психофизиологија, емоционалните солзи настануваат поради наглите трансфери на активности од симпатички кон парасимпатички нервен систем. Луѓето не плачат кога кризата е на својот врв. Често еден пријателски гест може да не’ натера на солзи, или израз на сочуство, познато лице, емпатија и сл. Возрасна личност најчесто нема веднаш да почне да плаче кога ќе прими вест за нечија смрт, но, штом ќе види познато лице или член на семејството, тоа сигурно ќе го направи, како знак на релаксација и безбедност. Ова се ситуации во кои солзите се појавуваат во време кога проблемот е решен. Сепак, деца и возрасни личности често плачат поради проблеми кои сеуште не се решени. Во овие околности, солзите се показател дека лицето, барем привремено, сака да се предаде.

Жените имаат тенденција почесто да плачат отколку мажите, поради тоа што ова кај мажите се толкува како знак на слабост. Некои луѓе плачат често и лесно, додека некои луѓе плачат многу ретко. Експертите сметаат дека темпераментот веројатно игра важна улога во тоа кој колку често плаче. Луѓе кои имаат доживеано голема траума се повеќе склони кон плачење, особено ако често размислуваат за минатото.

Научниците веруваат дека солзите во себе содржат одредени непожелни хормони и други протеини кои нашето тело ги произведува за време на стресни периоди. На овој начин, тие излегуваат надвор од телото. Плачењето има свои предности, го намалува стресот. После плачење голем број на луѓе се чувствува подобро и порелаксирано. Тоа е заштитен инстинкт и сигнал кој не’ предупредува на опасност или непријатност.

One thought on “Зошто плачеме?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *