Дознајте кој е вашиот сексуален профил со одговарање на овие прашања:
1. Кога читате, слушате или дознавате нешто ново за љубовта или сексот, дали сте заинтересирани за содржината?
ДА, одете на прашање 2
НЕ, одете на рашање 7
2. Кога во вашето друштво се дискутира за секс, вие ги одбегнувате тие теми, бидејќи не сакате јавно да зборувате за својата интима
ДА, одете на прашање 8
Не, одете на прашање 3
3. Кога одите на романтичен состанок, секогаш носите убава, интимна долна облека
ДА, одете на прашање 4
Не, одете на прашање 10
4. Дали сметате дека сексуално неконвенционалното однесување не е несоодветно?
ДА, одете на прашање 11
НЕ, одете на прашање 5
5. Моментално не сте во врска и имате можност за флертување. Дали се чувствувае пријатно во таква ситуација?
ДА, одете на прашање 6
НЕ, одете на прашање 16
6. Сметате ли дека девојките или жените кои често ги менуваат партнерите се „лесни жени“?
ДА, одете на прашање 7
НЕ, одете на прашање 17
7. Кога фантазирате за личноста што ве привлекува, дали замислувате сексуален однос на некое возбудливо или невообичаено место?
ДА, одете на прашање 13
НЕ, одете на прашање 12
8. Кога одите во кино, најчесто избирате комедии или други забавни филмови. Не сакате филмови кои се занимаваат со сериозни теми
ДА, одете на прашање 9
НЕ, одете на прашање 12
9. Дали би можеле да простите афера во врска?
ДА, одете на прашање 20
НЕ, одете на прашање 13
10. Добар сексуален живот можат да имаат само партнерите кои навистина се сакаат
ДА, одете на прашање 9
НЕ, одете на прашање 14
11. Дали ви пречи често пишување или зборување на теми поврзани со сексот, како да не постојат побитни теми?
ДА, одете на прашање 10
НЕ, одете на прашање 18
12. Мислите ли дека самозадоволувањето е непотребно и дека така се задоволуваат само загрозените личности?
ДА, одете на прашање 18
НЕ, одете на прашање 21
13. Знаете многу за контрацепцијата и секогаш сакате да бидете подготвени
ДА, одете на прашање 14
НЕ, одете на прашање 19
14. Отсекогаш сте знаеле дека еден ден ќе имате свадба и ќе создадете семејство
ДА, одете на прашање 26
НЕ, одете на прашање 15
15. Задоволни сте со својот изглед
ДА, одете на прашање 16
Не, одете на прашање 21
16. Кога поминувате покрај „секси шоп“, морате да ѕирнете во излогот
ДА, одете на прашање 23
НЕ, одете на прашање 18
17. Дали ви звучи незамисливо дека секој петти мажи, според истражувањата, површно ја познава девојката со која ја изгубил невиноста?
ДА, одете на прашање 22
НЕ, одете на прашање 23
18. Ако сексуалниот живот во врската не е задоволителен, парот треба да ја прекине врската
ДА, одете на прашање 25
НЕ, одете на прашање 24
19. Кога паровите на некоја забава почнуваат да се бакнуваат и милуваат, вие си заминувате
ДА, одете на прашање 24
НЕ, одете на прашање 27
20. Славните личности кои го покажуваат секој дел од своето тело делуваат смешно, а не секси
ДА, одете на прашање 25
НЕ, одете на прашање 26
21.За вас пролетта е најубаво време за љубов и вљубување
ДА, одете на прашање 28
НЕ, одете на прашање 29
22. Фетишите се за вас смешни
ДА, одете на прашање 30
НЕ, одете на прашање 27
23. Сексуалното задоволување за вас е подеднакво битно како и конзумирање на храна и вода
ДА, одете на прашање 29
НЕ, одете на прашање 26
24. Сметате ли дека е добро да се чека со сексот до бракот?
ДА, одете на прашање 31
НЕ, одете на прашање 26
25. Сметате ли дека е премногу рано да се изгуби невиност на 17 години?
ДА, одете на СОНУВАЧ
Не, одете на прашање 26
26. Со своите родители отворено и често зборувате за “сексуалните теми“
ДА, одете на прашање 27
НЕ, одете на НЕОПРЕДЕЛЕН
27. Често се срамите поради своите сексуални фантазии
ДА, одете на НЕОПРЕДЕЛЕН
НЕ, одете на прашање 28
28. Понекогаш се плашите дека во љубовта ќе пропуштите нешто битно. Тогаш се чувствувате резигнирано и копнеете за возбудливи сексуални авантури
ДА, одете на прашање 29
НЕ, одете на прашање 32
29. Можете да кажете „Те сакам“, дури и кога тоа не го мислите
ДА, одете на НЕОПРЕДЕЛЕН
НЕ, одете на АКТИВЕН УЧЕСНИК
30. Битно ви е вашиот партнер да биде среќен со вас колку и вие со него
ДА, одете на СОНУВАЧ
НЕ, одете на ЗАВИСЕН ОД СЕКС
31. Кога сте во големи љубовни проблеми, најлесно ве расположува нова љубовна авантура или флерт
ДА, одете на ЗАВИСЕН ОД СЕКС
НЕ, одете на СОНУВАЧ
32. Битна ви е романтиката
ДА, одете на АКТИВЕН УЧЕСНИК
НЕ, одете на НЕОПРЕДЕЛЕН
ОДГОВОРИ:
СОНУВАЧ
Вие уживате во нежните допири, бакнежи и заведувања. Кога некој од вас очекува слободно сексуално однесување или интимен однос на почетокот на врската, тоа ве одвлекува. Имате потреба од долго запознавање и прилагодување, не можете веднаш да бидете блиски и интимни со луѓето. Сакате да фантазирате за различни ситуации, запознавање на необични места, романтични средби, љубов. Обидете се другата страна да ги разбере вашите желби и потреби.
НЕОПРЕДЕЛЕН
За вас е најтежок почетокот на односот. Најчесто делувате неодлучно и не знаете што сакате. Кога размислувате за страст, тоа ве чини несигурни. Ќе бидете порешителни во своите ставови кога ќе бидете сигурни во своите желби и барања. Своите искуства ги стекнувате поради љубопитност и желба за знаење. Битно е да не жалите за некои ситуации и да не доживувате трауматично некои од сексуалните искуства. Со текот на времето, треба да ги дефинирате своите сексуални желби, критериуми и ставови. Слушајте го внатрешниот глас.
АКТИВЕН УЧЕСНИК
Сексуалните аспекти навистина имаат битна улога во вашиот живот. Поставувате одговорни критериуми и граници во своето сексуално однесување, свесни сте за своите, но и туѓите потреби во врската. Се трудите да ги избалансирате чувствата и разумот, обично не влегувате во непромислени врски и поради тоа имате најмногу шанси за потполна љубовна среќа.
ЗАВИСЕН ОД СЕКС
Битно ви е да се афирмирате како совршен љубовник и очекувате разновидни возбуди од своите партнери. Често ги вреднувате според различни критериуми, како што се успех, интереси, однесување или активности. Иако можете да доживеете најразновидни љубовни авантури и ситуации, факторите како што се чувството на интима, верност и доверба, ретко се остваруваат во вашите врски.