Волонтирај

Тимот на Здравје и Убавина има потреба од лице волонтер, со работна задача на позицијата Web автор.

Ако сте креативни личности во потрага по нови можности, а немате каде да се докажете, ова е идеалната можност за Вас! Волонтирајте и придонесете во креирањето на најдобрата веб страна за здравје и убавина на овие простори. Ние ќе ви овозможиме професионална обука за пишување статии, обработка на слики, како и совети и трикови за веб, а најдобриот волонтер може да добие и работно место.

Работни задачи:

  • планирање, истражување, пишување и уредување на содржини на порталот. 

Услови:

  • да има одлично познавање на Македонски, Англиски јазик и деловна коресподенција (предност е познавањето на повеќе странски јазици)
  • да има одлични комуникациски вештини, писмено и усно
  • да биде во можност да истражува различни теми со користење на различни извори
  • да биде креативен
  • да има искуство во работа со MS Office, и водење на социјални мрежи (Facebook, Twitter)
  • пожелно е познавање на WordPress
  • да ги извршува навремено секојдневните работни задолженија
  • да се приспособи на тимска работа
  • да биде способен за вршење динамична работа

 

Предност ќе имаат кандидатите кои се на додипломски студии или имаат завршено студии на Филолошки или Медицински Факултет.

Само лицата кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Краен рок за пријавување: 30.11.2015

Сите заинтересирани кандидати можат да достават CV и мотивациско писмо на следната е-мејл адреса:  contact@zdravjeiubavina.com

Со почит,

Тимот на З&У