4 ефикасни начини за намалување на стресот

loading...

Стресoт веќе стана неизоставен дел од секојдневниот живот. Но, иако ние понекогаш не го сфаќаме доволно сериозно, тој влијае на нашето расположение и уште поважно – на нашето здравје. На кожата може да предизвика брчки, осип и ред други воспаленија. Всушност, трикот не е во тоа како да го спречиме, туку како успешно да се справиме со стресот, така што нема да влијае прекумерно на “нормалниот“ живот. Еве неколку ефикасни начини како да спроведете тоа.

  • Прошетајте

Кога и да прочувствувате дека работите турбулентно, одделете половина час од вашето време за да прошетате. Иако за зафатените луѓе тоа делува како премногу “скапоцено“ време за да би го потрошиле на прошетка, таа навистина може да направи чуда. Не мора тоа да биде прошетка во природа, едноставно успорете го темпото на одење додека одите по појадок или ручек. 

  • Јадете здрава храна

Време е полека полека да почнете да ја исфрлате брзата храна од вашиот режим на исхрана, што и не е толку страшно и тешко колку што изгледа. Брзата храна го преплавува телото со видови на јаглехидрати и масти кои прават да се чувствувате ужасно. Јадете добро избалансирани оброци кои содржат овошје, зеленчук, протеини и цели зрна. Веднаш ќе ви се покачи нивото на енергија која ја имате, а уште една предност е тоа што кожата ќе биде здрава и блескава.

  • Негувајте се

Кога ќе имате слободно време згответе си го омиленото јадење и уживајте во него. Или едноставно, пред спиење напијте се една чаша црвено вино. Секогаш пронајдете време за да го правите она во кое уживате, а со самото тоа и ќе се ослободите од стресот заборавајќи на секојдневните грижи кои ве преокупираат.

  • Земете лист и пенкало и запишете

Секој има ноќи кога не може да склопи око. Кога ќе ви се случи ова, наместо да се нервирате како утре ќе успеете да ги завршите сите обврски ненаспани, земете лист и пенкало и запишете ги сите грижи кои ги имате. Ова ќе ви дојде како еден вид на стрес-терапија која ќе ја ослободи напнатоста од мозокот, после која многу полесно ќе заспиете. Ќе си заблагодарите на себеси за ова следното утро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *