Енерготерапија-превземете го животот во своите раце

Енерготерапија е заедничко име за различни техники на лекување со користење на енергија. Опфаќа техники како што се Реики, Реи-до-ки, Прана, Шамбала, терапија со допир, дишење и многу други начини на лекување. Сите овие имаат една цел: отстранување енергетски блокади кои предизвикуваат ментални (психички)блокади, емоционална болка или физички болести на телото. Битно е да се разбере дека енерготерапија не лекува, туку му помага на организмот да го постигне својот баланс кој е потребен за одржување на добрата здравствена состојба.

loading...

Енерготерапија се врши во низа од 10 третмани, од кои првите три се задолжителни (три дена по ред). Ова не е замена за класичното медицинско лекување. Консултирајте се со вашиот лекар ако сакате да престанете со земање на терапија и препишани лекови. Болестите во човечкото тело воглавно се психосоматски. Кога постои блокада во протокот на енергијата, нашето тело реагира со несоница, чир, депресија, нервоза и акутна болка, што може да резултира со хронична болест.

Енерготерапијата се состои од два дела. Првиот е поставување на рацете на одредени делови на телото, познати како чакри, во кои чувствувате болка. Терапевтот со допир се обидува во нив да воведе здрава енергија. Вториот е масажа.  Резултатите на поставувањето на рацете на телото се:

  • длабока релаксација
  • топење на енергетските блокади
  • проток на животната енергија
  • јасна дефиниција на општата состојба и проблемите во животот.

Целта на оваа терапија е човекот свесно да го превземе животот во своите раце. Допирот со рацете би требало да симболизира верба во живот. Допирот е моќно средство и е симбол на љубов и взаемно почитување. Комбинација на енергетски техники според индивидуалните потреби на човекот ги топи блокадите и го зајакнува телото што резултира со подобрување на психофизичката состојба.Форми на физичките методи се елементи на масажа, акупресура, работа со центрите, односно чакрите, насочување на енергијата во тоа подрачје со цел да се врати текот на енергијата, а со тоа и хармонијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *