Секојдневно се трудиме да го подобриме животниот квалитет воведувајќи поздрави навики. Сепак, и покрај сите здрави намирници или модерни физички вежби, најчесто наједноставните нешта можат да допринесат многу повеќе. Прегратката на пример, е една едноставна активност, за која најчесто не размислуваме но може да направи огромна разлика, како во психичкото така и во физичкото здравје.
Можеби навидум не делува дека е некој ефикасен медицински третман, но резултатите се запрепастувачки, а често наједноставните медицински третмани се оние кои даваат најголеми резултати. Всушност докажано е дека прегратките го смируваат срцевото забрзано отчукување, го подобруваат расположението, го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат нервната активност, и имаат многу други позитивни ефекти.
Истражувањата покажале дека прегратиките многу позитивно влијаат како кај децата така и кај возрасните:
- Помагаат при надминување на стравовите
- Допринесуваат при градење на самодовербата
- Ја намулуваат напнатоста
- Позитивно влијаат на детските говорни способности и нивото на интелигенција
Еден од најинтересните ефекти е тоа што прегратката го намалува крвниот притисок и срцевите отчукувања. При прегрнувањето се зголемува нивото на комфорт, и уживањето да се биде во присуство на друга личност. Прегратката од пријател или од член на семејството не; навраќа и ги оживува среќните моменти. Иако сметаме дека разговорот може да ги постигне овие ефекти, вистината е дека прегратката ги создава чувствата на прифаќање и сочуство, кои понекогаш е тешко да се најдат во овој модерен свет. Затоа кога ќе ги доживееме стануваме поопуштени, посреќни, и целото наше однесување се подобрува. Како резултат на ова, нашите срцеви отчукувања се порелаксирани и после одредено време, го намалуваат крвниот притисок и позитивно влијаат на срцевиот добробит.
Покрај претходните факти, малкумина знаат дека прегратките често се користат и како еден вид на психотерапија. Размислете за ова: кога давате или примате прегратка, остварувате целосен телесен контакт со другата личноста. Медицината докажа дека ова ги стимулира нервните завршетоци низ телото и ја зголемува циркулацијата. Оттука, некои психички рехабилитациони центри ја користат прегратката за да ги стимулираат нервните завршетоци и да го зголемат протокот на крв низ телото.
Луѓето кои почесто се прегрнуваат се емотивно поотворени и развиваат поголемо чуство за блискост и сочуство кон останатите околу нив.
Затоа запомнете, и секојдневно да делите прегратки воопшто никому нема да наштетите. Прегратките се бесплатни и очигледно многу здрави.