Зголемување на енергијата

loading...

Доаѓа пролетта, а вие се чувствувате невитално и заморно? Постојано ви се спие иако сте станале од спиење? Следете ги следниве совети за зголемување на енергијата, и веднаш ќе ги почувствувате резултатите.

1. Појадок – Поголем дел од луѓето поради навики или немање време го прескокнуваат токму овој оброк, кој е од клучно значење за добар почеток на денот. Започнете го денот со добар појадок, за да можете да му овозможите на телото доволно енергија до ручекот.

2. Чај – Заменете ги тешките чаеви и кафето со растителни чаеви или безкофеинско кафе. Иако кафето стимулира, поголемите количини го заморуваат организмот.

3. Алкохол – Избегнувајте алкохол, но доколку веќе сакате да го консумирате, наизменично пијте алкохолен и безалкохолен пијалок, а по можност вода, за да не дојде до дехидратација на организмот.

4. Храна – Избегнувајте пржени и мрсни јадења. Прво се нездрави и полни со холестерол, а второ тешко се варат, што доведува до поспаност и замор. Исто така избегнувајте да се прејадете навечер. Јадете повеќе цели зрна, овошје о зеленчук и избегнувајте премногу шеќери

5. Сон – Ноќното спиење од 8 часа е многу важно за правилно функционирање на организмот. Доколку во текот на ноќта не спиете доволно поради различни причини, обидете се да дремнете преку денот барем 30 тина минути

6. Активност – Физичката активност е особена битна во текот на денот. Иако ни се чини дека кога сме заморни, ако се раздвижиме и пропешачиме дека ќе бидеме уште позаморни, тоа е сосем неточно. Обидете се дневно да пешачите барем 30 минути

7. Магнезиум – При држење на разлилни диети не секогаш го запазуваме доволното количество на магнезиум и други минерали. Дневната препорачана доза е 350 mg за мажи и 300 mg за жени. Консумирајте житарки, риба, јаткасти плодови

8. Стрес – Иако живееме во бурно време со секојдневни проблеми и нервози, обидете се да го редуцирате стресот. Сите ги знаеме неговите штетни последици – истоштува и ментално и физички

9. Болести – проверете ја функцијата на тироидната жлезда. Понекогаш во организмот ги јавува истите симптоми како и анемијата. Отидете на лекар и направете анализи за секој случај

10. Дишење – Доколку сте премногу мрзливи за други активности, можете за почеток да вежбате дома дишење. Луѓето кои вежбаат јога веќе го знаат податокот дека дишењето е најбитниот дел за зголемување на нивото на енергија. Тоа би значело нешто вака: вдишувајте длабоко 7 секунди, задржете го здивот 28 секунди, а издишувајте 14 секунди. Повторете го ова 10 пати. Можете да го правите тоа наутро, во текот на денот и навечер. Ќе забележите резултати!

 

One thought on “Зголемување на енергијата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *