Како до безболен третман на Вашите заби?

RED_1585Краткотрајна општа анестезија (аналгоседација)

loading...

Најголем број на болни интервенции во стоматологијата на задоволителен начин се изведуваат со локална анестезија. Меѓутоа поради екстремната уплашеност или претходните непријатни искуства, пациентите често одбиваат било каков стоматолошки третман и посета кај стоматолог. Во тој случај ни стои на располагање метод на примена на лекови кои доведуваат до седација односно состојба во која пациентот се чувствува релаксирано, со зачувана свест, со што работата на стоматологот е олеснета.

Седација се применува кај:

  • Исплашени и анксиозни пациенти
  • Силно изразен нагон на повраќање
  • Големи и долготрајни интервенции во оралната хирургија

Во Неуромедика седацијата ја изведува тим од лекари: стоматолог, специјалист орален хирург и лекар анестезиолог.RED_1589Пред секоја интервениција, пациентот пополнува прашалник за својата здравствена состојба, а потоа разговара со анестезиологот и стоматологот при што пациентот е упатен во целата процедура. Исто така, пациентот се советува да дојде со придружник.

Општа анестезија (аналгоседација)

Аналгоседацијата се постигнува преку венски пат на некои од вените на раката, со апликација на средство при што пациентот е психички релаксиран. Во зависност од дозата, пациентот се успива доколку има потреба. Потоа се дава лек против болки во соодветна доза.Стоматологот применува и локална анестезија на местото каде што се интервенира.

Со пратење на виталните функции преку монитор пациентот е потполно безбеден и ослободен од секој страв и болка.

Спец. Д-р Тодор Стаменковски

Специјалист по орална хирургија и имплантологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

One thought on “Како до безболен третман на Вашите заби?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *