Консумирајте чај секојдневно!

caj

loading...

Може да се каже дека употребата на лековитите билки е стара колку и самиот човек. Човекот во природата наоѓал, и се уште наоѓа, освен извори за прехранување, и лековити растенија кои најчесто ги употребувал за третман на различни заболувања.

Зборот “чај” потекнува од персискиот چای chai. Иако се смета дека Велика Британија го колонизирала чајот и го довела на европското копно, сепак чајот потекнува од Истокот, поточно од Кина и Јапонија. Чајот и церемонијата на пиење чај ималe посебно значење во кинеската култура. Постојат неколку околности кога се конзумира и подготвува чајот: како начин на почит, семејно собирање, како начин на извинување или оддавање благодарност кон постарите лица за време на венчавки. Чаевите му ги даваат на организмот потребните микроелеменит (минерали), потребната количина на вода, а исто така го прочистуваат организмот од токсините. Чајот може да претставува и мешавина на повеќе билки од различно потекло, овошје, зачини. Во зависност од составот на чајот, истиот може да се подготвува како инфуз, декокт или мацерат.

Постојат неколку видови на чај:

  • Лековити чаеви – кои се користат за третман на некои заболувања, и нивната употреба е строго пропишана и ограничена, а се произведуваат во фармацевстката индустрија или од регистрирани производители.
  • Билни или овошни чаеви – имаат ублажувачки ефект, и претставуваат напитоци чија количина на конзумација не е ограничена.

 Консумирајте чај секојдневно бидејќи:

  • Ако се конзумира наутро, го буди телото, освежува, ја поттикнува креативноста (црн чај, зелен чај, чај од шипка, овошни чаеви)
  • Напладне, бидејќи го обновува и чисти организмот, го подобрува варењето на храната, ја враќа водата во организмот (овошни чаеви, ледени чаеви, и друго)
  • Навечер, чајот не’ релаксира од напорниот ден, смирува, дава чувство на мир и задоволство, го олеснува варењто на храната и ни дава мирен сон (билни чаеви, чај од нане, камилица, маточина, и друго)
  • Зимно време, чајот не’ загрева, ни дава енергија, ја исполнува долгата вечер
  • Преку лето, чајот не’ освежува, го намалува потењето, му дава на организмот доволна количина на вода, витамини и други микроелементи, го прочистува организмот од токсини и дава енергија (овошни чаеви, домашни ледени чаеви, билни чаеви)

В.С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *