Манука медот е стар илјадници години. Потекнува од Нов Зеланд, каде што домородното население од него се’ уште подготвува тоници и пијалоци. Се работи за монофлорен мед што го произведуваат пчелите од цветот на дрво манука (lat. Leptospermum scoparium). Овој мед е познат по своите исклучителни антибактериски својства, кои за разлика од другите видови на мед, не се уништуваат со разредување, изложеност на сончева светлина или топлина. Се верува дека неколку фактори се заслужни за таквиот ефект: висока концентрација на лековити состојки, ниска содржина на вода, ниска киселост и присуство на специфични терапевтски соединенија од цвеќињата на манука.
Ефикасен е и при умерени и тешки инфекции, се користи кога антибиотици повеќе не делуваат, помага со изгореници, моментално ублажува болки со рани и нивното заздравување, а добар е и против чиреви. Кога овој мед ќе се стави на рана, тој ја собира водата од раната и ја суши, а антимикробни супстанции ги уништуваат микроорганизмите кои можат да ја инфицираат раната. Ефикасен е бидејќи навлегува длабоко во кожата. Особено е корисен и за намален имунитет, а се користи и во нега на кожа и коса, бидејќи ја навлажнува и ја обновува.
Други проблеми за кои може да помогне се: егземи, дерматитис, акни, габични инфекции, воспаленија, астма и алергии, осип и чиреви, анемија, дигестивни проблеми.
Не сите манука медови се направени подеднакво. Во зависност од сезоната и потеклото, активните супстанци во нив се разликуваат. Највисок квалитет има новозеландскиот мед. За орална употреба се консумира една лажица, три пати на ден, а ако воспалението е акутно, се консумира една лажица на секој час. Манука медот, освен што се користи како било кој мед (за конзумација и како лек), може да се користи и за готвење. Сепак, овој мед не смеат да го користат лицата кои се алергични на пчелини производи и деца помлади од една година.
Не секој манука мед е лековит, само медот со ознака УМФ се користи за лекување и третман на различни здравствени проблеми.