Матична млеч – суперхрана од пчелината кошница

loading...

Матичната млеч. или доколку преферирате – royal jelly, е врвот на пчелините производи. Нејзината лековита способност помага при голем број на болести, а многу нутриционисти ја сметаат за најсовршената намирница на светот. Таа го лечи, храни, и ревитализира телото. Позната е уште од дамнешни времиња, кога се чувала како тајна за убавинтаа на племенските жени. Кинезите и Русите веќе одамна го истражуваат делувањето на матичната млеч, а до сега откриле многу чудесни својства на овој природен лек.

Богатство од хранливи состојки

Матичната млеч е богати извор на витамини, минерали, протеини и ензими. Ги содржи витамините А. Б, Ц, Д и Е, како и висока концентрација на витаминот Б5 (пантотенска киселина) и витаминот Б6. Вкупната  количина на витамини во еден грам матична млеч е пд 336 до 351 милиграм. Матичната млеч е единствен природен извор на ацетиколин во чист облик. Тоа е нервотрансмитер кој овозможува пренос на импулси помеѓу нервните станици во организмот.
Исто така, матичната млеч содржи најразлични минерали, ензими, како и 18 вида на аминокиселини. Но, освен наведените, матичната млеч има и одредена количина на сеуште непознати состојки.
Протеините на матичната млеч содржат голем број на аминокиселини, во склоп на кои се наоѓаат и осумте незаменливи – валин, леуцин, изолеуцин, треонин, метионин, фенилаланин, трипофан и лизин.
Главните претставници на шеќерите во матичната млеч се глукозата и фруктозата. Тие спаѓаат во категоријата на редукциони шеќери кои нервните станици можат директно да ги апосорбираат и да ги користат како енергетски материјал, без притоа да го трошат инсулинот.
Составот на матичната млеч сепак зависи од годишното време, физиолошката состојба на пчелите, и условите под кои се чува.

Лековити својства на матичната млеч

 Матичната млеч помага при следниве болести и состојби:

  • пореметувања на исхраната кај мали деца
  • како природен анаболик при слабости поради одредена болест или старост
  • лечење на последици од склеротични или климактерични процеси
  • зголемување на издржливоста кај спортистите
  • заздравување на рани и скршеници
  • лечење на кардиоваскуларни болести
  • помага при стенокарија, атеросклероза, зголемени триглицериди, висок холестерол и проблеми со притисокот
  • лечење на неплодност кај жени и мажи
  • ги ублажува последиците од земање на контрацепциски пилули
  • ја регулира менструацијата, промените во менопаузата и климактериумот
  • поволно влијае на работата на половите жлезди и го чува здравјето на матката
  • го спречува растењето на тумори, и ги намалува тегобите од хемотерапија
  • ги ублажува стресот и несоницата
  • има својство на природен антибиотик, делува против бактерии и габи
  • го чува здравјето на коските 
  • поволно влијае на здравјето на косата, ноктите и кожата, и лечи кожни проблеми како акни и псоријаза
  • одлична делува на помнењето, издржливоста и концентрацијата
  • делува и кај проблемите со тежината бидејќи воспоставува рамнотежа на метаболизмот

Матичната млеч може да се пронајде во облик на таблети, течност или прав.

Важно е да се знае

Матичната млеч не смее да се конзумира со метална лажица, бидејќи металот ги уништува нејзините хранливи состојки.
Без разлика на тоа во каков облик ја конзумирате, матичната млеч ставете ја под јазикот, и оставете на тој начин директно да се апсорбира во крвотокот. 
Личностите кои имале трансплантација не смеат да конзумираат матична млеч поради нејзината способност за имуностимулирање, бидејќи е можно отфрлање на органите од страна на организмот.
За време на конзумирање на матичната млеч постои можност од добивање на дијареа или осип. Тоа се случува поради процесот на детоксификација и исфрлање на штетни материи од организмот, а трае само неколку дена.

2 thoughts on “Матична млеч – суперхрана од пчелината кошница

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *