Пиво – најпознатиот пијалок во светот

Позитивните ефекти на пивото се познати уште од далечни времиња. Во Стариот Египет пивото било напиток кој лечи и дава енергија и бил задолжителен пијалок за време на оброците на робовите кои ги граделе пирамидите. Освен што ја враќало енергијата, во тој период бил напиток на сиромашните кој ја заменувал нечистата вода. Исто така, пивото се користело и во козметички цели за освежување на лицето и кожата и превенција на кожни заболувања. Во Грција пак, пивото било лековито средство за превенција на проблеми со мокрењето, против висока температура и главоболка, како и за лечење на шеќерна болест. Денеска, лековитите дејства на пивото се потврдени со многу клинички испитувања. Благодарение на неговите состојки, и со мал процент на алкохол, пивото има позитивно влијание на човековиот организам и поради тоа, е исто толку добро како и виното.

loading...

Пивото изобилува со вода, витамини, минерали и некои други елементи. На пример, содржи витамини од група на Б витамините (Б1, Б2, Б3, Б6 и др), потоа магнезиум, калиум, калциум, железо и цинк. Богато е со јаглехидрати, протеини и фалвоноиди, но и исто така содржи антиоксиданси. Според тоа, може да се каже дека умереното консумирање на пивото е добро не само како прехрамбен продукт, туку и како лековит напиток:

  • Безалкохолното пиво може да биде добар извор на енергија после физички напор (кај спортисти, физички работници, кај изнемоштени лица, анемични лица и друго).
  • Како додаток на диетите кои се сиромашни со минерали (поради малиот процент на натриум во пивото)
  • Го поттикнува апетитот и варењето на храната (брза и едноставна апсорпција на пивото), го намалува ризикот од појава на Helicobacter pylori.
  • Ја намалува можноста за формирање на бубрежни каменчиња
  • Има диуретско (го подобрува мокрењето) и антисептичко делување (го смалува бројот на бактерии во урината), затоа се користело во случај на воспаленија на бубрезите, мочниот меур, отежнато и болно мокрење.
  • Поволно делува на нашата психа и поттикнува добро расположение, ја намалува напнатоста, нервозата и стресот, и со конзумација на една чаша пиво на ден се намалува ризикот од појава на депресија.
  • Делува на прокрвеноста, циркулацијата на крвта и крвниот притисок, количината на шеќери и масти во крвта. Го намалува ризикот од појава на болести на срцето, зголемени количини на холестерол и атеросклероза.
  • Ги штити коските, нервите и мускулите и го намалува ризикот за појава на жолчни камења.
  • Поради големите количини на Б витамините, пивото е добро за убавината и здравјето на нашата кожа, коса и нокти.
  • Може да се користи и како средство за слабеење, бидејќи овозможува лесно одвојување на мастите и водата од огранизмот.

Пивото е природен и биолошки урамнотежен производ кој може да се вброи и како течна храна. Енергетската вредност на еден литар пиво одговара на енергетската вредност на еден литар полномасно млеко. Многу доктори се сложуваат дека мали количини на пиво (пола литар на ден) поволно делуваат на некои тешки болести и спречуваат појава на други. Сепак, треба да се пие внимателно, затоа што содржи одреден процент на алкохол.

В.С.

One thought on “Пиво – најпознатиот пијалок во светот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *