Здрави пијалоци за постари лица

Постарите лица обично не можат да џвакаат и ретко јадат тврда храна. Затоа, добра замена се пијалоците полни со витамини и минерали. Сепак, изборот на пијалокот е индивидуален и зависи од многу фактори. Затоа, пред да се започне со подготовка, треба да се консултира лекарот, особено ако постарото лице користи некои лекови. Некоја храна не се препорачува во комбинација со одредени лекови, поради несаканите дејства. Проблемот со исхраната или одбивање на храна може да настане поради ослабени рецептори за вкус, депресија, особено ако доживеале одредена траума, како губење на брачниот партнер, осаменост или како резултат на земање на одредени лекови.

loading...

Тие најчесто имаат проблеми со варењето на храната. Во овој случај најдобра комбинација е пијалок со парчиња ананас, јогурт и вода. Потребно е сите состојки да се измешаат во блендер. Во случај на пролив, оваа комбинација е идеална за нормализирање на варењето на храната. Доколку проблемот е запек, во блендер треба да се измешаат еден домат, малку спанаќ и еден морков.

При уринарни проблеми и воспаленија идеален избор на овошје е брусница. Чист сок од брусница измешан со сок од лубеница. Може да се послужи и сок од ананас и портокал, свеж, малку разреден во вода.

Доколку станува збор за проблеми со простата, најмногу може да помогне диња, поради својата содржина на магнезиум и калиум. Измешани со јаболко и брокула чинат здрав и вкусен пијалок. При воспаленија и за чистење на организмот, потребно е да се користи сок добиен со мешање на праз, јаболко и ѓумбир. Овој пијалок е ефикасен за подобрување на циркулацијата, при болки во зглобовите. Покрај празот, може да се користат моркови или магдонос.

Кога организмот има недостаток на железо, на природен начин може да се надокнади со сок од морков, листови зелка и краставици. За проблем со циркулација и настинка може да се користи пијалак од моркови, лук и магдонос. 

Сувата уста знае да претставува проблем, затоа е добро пред оброкот да се исплакне со вода. А доколку имате лош вкус во устата, можат да се додадат нане, овошје или краставица. Здравите шејкови и напитоци од овошје и зеленчук докажано го подигнуваат нивото на енергија, а исто така, го зголемуваат апетитот.

3 thoughts on “Здрави пијалоци за постари лица

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *