Вие сте овде: Почетна » Здравје » Овошје и зеленчук » Јапонско јаболко – вкусот на доцната есен
Јапонско јаболко – вкусот на доцната есен

Јапонско јаболко – вкусот на доцната есен

Јапонско јаболко е вид на овошје кое станува вкусно за јадење во овој период од годината, кога на организмот му е потребна храна богата со витамини и минерали, за да се заштити од претстојната сезона на настинки и вируси. Јапонско јаболко или Diospyros претставува листопадно дрво, чии плодови кога се зрели, се одликуваат со жолто-портокалова до темна жолто-црвена боја и пријатен и сладок вкус сличен на кајсија. Се нарекува „храна на боговите“ што потекнува од неговото име Diospyros (грчки), а во Јапонија е попознато како каки овошје. Потекнува од Кина, каде се одгледува со векови. Потоа се шири во Кореја и Јапонија, а оттука низ целиот свет.

Плодовите се берат доцна наесен, но и по берењето може да бидат тврди и со лош вкус, па ако ги пробате веднаш, ќе се разочарате. Затоа се чуваат додека не созреат и не добијат сјаен и слаткаст изглед. Откога ќе омекнат, се подготвени за јадење (ова важи за адстрингентиот вид). Може да се јадат свежи или сушени. Зрелите плодови имаат висока хранлива вредност, ниска киселост и изобилуваат со витамини (Ц, Б2, А, Б1, Е) и минерали (јод, калциум, калиум, магнезиум, цинк, манган, железо) заради што во минатото се користеле во борба против скорбут и гушавост. Исто така содржат и јаглехидрати (фруктоза), растителни влакна, ликопен, зеаксантин, лутеин и аминокиселини.

Еве зошто треба да го консумирате овој вкусен и сочен есенски плод:

  • Помага во намалување на нивото на холестерол во крвта и овозможува нормална работа на цревата. Свеж плод или сокот од плодот се препорачуваат за лекување на хроничен запек, воспалителни процеси и инфекции на цревата, нарушено празнење особено за време на патување или промена на клима, хемороиди, болести на желудник (гастроентеритис, лошо варење), болести на жолчка, замастен црн дроб.
  • Делува против-воспалително и антихеморагично (спречува крварење од малите крвни садови) заради присутните полифенолни антиоксиданси – катехини и галокатехини.
  • Содржи значајна анти-канцер состојка, бетулинска киселина.
  • Свежите јапонски јаболки содржат силни антиоксиданси кои го заштитуваат телото од про-инфламаторни слободни радикали и превенираат појава на разни болести, инфекции, стареење и ја зголемуваат неговата отпорност.
  • Содржи големо количество селен кој е добро познат силен антиоксиданс. Заради ова, по хаваријата на нуклеарната центарала во Чернобил, големи количини јапонски јаболка биле откупени од украинските трговци.
  • Листовите се користат како добар адстрингент (својство на стегање на ткивото) при лекување на разни тегоби. Плодот пак се препорачува како антитусик, адрстрингенс, лаксатив и стомахик. Доколку плодот се вари, тогаш со него се лечи дијареа.
  • Се користи при висок притисок, болести на нервниот систем (за смирување и релаксација), висока температура и икање. 

За авторот Х. А.

магистер по фармација Најздрава навика: вежбање Во слободно време: цртање, фотографија, изработка на накит и честитки, концерти Најмногу сакам да јадам: индиски оревчиња Дестинација: Сиднеј Верувам во: слобода на говор, креативност

6 коментари

  1. auuu moeto omileno ovoshje :)

  2. interesna statija

  3. жити се, ова е толку многу здраво?!?!….супер

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе
http://helenmccrory.org/