Вие сте овде: Почетна » Здравје » Овошје и зеленчук » Јаткасти плодови
Јаткасти плодови

Јаткасти плодови

Бројни студии покажале дека луѓето кои јадат јаткасти плодови неколку пати неделно, имаат поздраво срце, благодарение на мононезаситените и полинезаситените масти што ги содржат. Овие плодови можете насекаде да ги носите со вас бидејќи се мали, не се испарливи, не го менуваат вкусот, вкусни се и се ефтини во споредба со другите извори на протеини. Исто така, постојат докази кои укажуваат на тоа дека луѓето ги одгледувале јаткастите плодови 10000 години п.н.е, што ги прави едни од најстарите култивирани растенија на планетата. Во светот постојат околу 25 видови на јаткасти плодови, кои се богати со различни хранливи материи како што се протеини, јаглехидрати, масти, цинк, железо, калциум, калиум, витамин Е, Б витамини и друго. Поточно, тие претставуваат одличен извор на незаситени масни киселини, претежно полинезаситени или омега – 3 масни киселини (најмногу алфа линоленска киселина – АЛА), кои имаат заштитен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, преку намалување на нивото на “лошиот” холестерол (ЛДЛ) и зголемување на нивото на “добриот” (ХДЛ) холестерол, како и намалување на воспалителните процеси во артериите. Исто така содржат и прехрамбени влакна.

Во јаткастите плодови спаѓаат бадемите, оревите, костените, кикириките, лешниците, фстаците, бразилските ореви, индискиот орев и друго. Поради нивната нутритибна вредност, нивната консумација доведува до зајакнување на косата, кожата и ноктите, го подобруваат функционирањето на кардиоваскуларниот систем, ја зголемуваат концентрацијата и го заситуваат организмот (го намалуваат чувството на глад). Тие можат да се конзумираат сурови (свежи) или печени, варени, или во форма на путер, но тогаш содржат повеќе калории. Не постојат посебни препораки за тоа колку дневно треба да се конзумираат јаткастите плодови. Според водечките здравствени организации се препорачува до 5 пати неделно конзумирање на овие плодови. Доволно е внесување на околу 30-45 грама јаткасти плодови дневно за да имаат корисен ефект на здравјето на човекот, без да влијаат на зголемување на телесната тежина. Нивниот ефект ќе биде поголем ако јаткастите плодови се конзумираат во комбинација со диета која содржи ниски количини на заситени масти и холестерол, и малку калории.

КИКИРИКИ – кикириките спаѓаат во оваа категорија на плодови иако не се ореви, туку се мешункасти растенија и растат под земја. Тие се многу здрави, бидејќи содржат мононезаситени масти, фитостероли, ресвератрол, витамини (витамин Б3), фолна киселина и минерали. Од сите јаткасти плодови, кикириките содржат најголема количина на магнезиум.

ОРЕВИ – богати се со незаситени масни киселини, линолна, олеинска и алфа-линоленска киселина и затоа се препорачуваат како важни во прехраната, особено за бремените жени. Оревите се исто така богати и со глутатион и омега-3 масни киселини, и може да помогнат во  детоксикација на црниот дроб.

ЛЕШНИЦИ – содржат повеќе омега-3-масни киселини од лососот. Доволни се 50г лешници дневно за да се задоволат потребите за овие масни киселини кај возрасен човек. Според Европскиот весник за клинички испитувања, доколку се изеде еден грст лешници дневно, доаѓа до зголемувањена добриот (ХДЛ) холестерол.

Ф’СТАЦИ – богати се со фитостероли (растителен холестерол), кои ја намалуваат количината на триглицеридите и лошиот (ЛДЛ) холестерол во организмот.

БАДЕМИ – Постојат два вида на бадеми: сладок (Prunus dulcis amygdalis) и горчлив (Prunus amara amygdalis). Сладкиот бадем е за јадење и не содржи токсични материи. Тој содржи калциум колку што има во млекото, потоа магнезиум, витамин Е, селен и прехрамбени влакна. Магнезиумот е важен затоа што ги релаксира крвните садови и ја олеснува циркулацијата. Освен тоа бадемите можат да го намалат зголемувањето на шеќерот во крвта после јадење. Помага во регулирање и на телесната тежина, што е потврдено од некои научни студии. Горчливиот бадем содржи амигдалин, кој ако се кисне во вода, се хидролизира до бензалдехид, цијановодород и глукоза. Тој најчесто се користи во козметичката индустрија (производство на бадемово масло), и конзумација на само неколку плодови 

В.С.

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе
best casino zLkdjjHcgs