Рен – чистач на организмот

Исхрана богата со рен е особено корисна за дијабетичари, но и за оние кои постојано ги мачи чувството на замор или имаат забавен метаболизам. Ренот претставува повеќегодишна зелјеста билка (Cochlearia armoracia) со потекло од југоисточна Европа и западна Азија. Неизоставен дел од трпезата на старите Еѓипќани, а лек против болки во грбот и афродизијак кај старите Грци. Подземните делови односно коренот, се користат како зачин и додаток на разни јадења, особено за месо. Кога ќе се каже рен, се мисли на лутиот корен, но малкумина знаат дека и младите листови од ова растение се богати со витамин Ц, каротени и хлорофил. Содржат и значителна количина калиум, фосфор, хлор, сулфур и Б витамини.

loading...

Ова растение го чисти целиот организам и го забрзува метаболизмот, па затоа треба почесто да се внесува. Специфичниот лут мирис и вкус потекнува од присутните сингрин и алил изотиоцијанат кои имаат изразени антибиотски и антиканцерогени својства. Штити одредени органи од малигни заболувања како желудник, црн дроб, тенко и дебело црево и мочен меур. Содржи и кумарини, феноли, етерно масло, аспаргин, смола, скроб и сахариди. Заради овие состојки во народната медицина се препорачувал како лек против кашлица, синуси, бронхитис, астма и реума. Ја поттикнува природната отпорност на организмот (го зајакнува имунитетот) и штити од настинки. Се користи и како лек против затнување на крвните садови, подобрува варење на храна, како антисептик и диуретик. Се препорачува за исфрлање на камчиња од бубрег. Како лек се зема во облик на чај, сируп, вино, тинктура, облоги или со кисели јадења. При користење на ренот, како и со други билки, треба да се внимава да не се зема во преголема количина бидејќи може да предизвика дијареа и повраќање. Внимателно и со тинктурата од рен бидејќи е пресилна за свежи рани.

Совет плус – Треба да се лупи со отфрлање на многу тенок дел од кората, а пред да се ренда се остава да отстои 24 часа, за да може во целост да се искористат сите вредни материи. Коренот се користи и како природен конзерванс на храна заради алил изотиоцијанатот кој спречува раст на штетни бактерии во истата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *