Научете повеќе за јогата

loading...

Јогата претставува поврзување со нашето вистинско битие. Без разлика на тоа кој пат сте го одбрале, или која техника ја применувате – целта е секогаш иста – спознавање, самоспознавање, свесност и поврзување со божественото, што всушност е вистинското битие.

Јогата е една од шесте основни системи на индиските мисли познати под заедничкото име darsana, збор кој потекнува од санскриткиот корен drs штозначи гледа. Според тоа, darsana значи вид, гледиште, став и креативен начин на гледање на работите. Шесте основни darsana се: nyaya, vaiseshika, sankhya, yoga, mimamsa и vedanta. Се смета дека јогата потекнува од санскритскиот збор yuj, што значи да се соедини. Според тоа, јогата претставува соединување со правото битие. Уште едното значење на јогата е и поврзување со умот, што значи насочување на мислите кон практикувањето јога, пред да започнете истата. Другото значење е – да се достигне тоа што претходно било недостижно. Кога ќе најдеме начин таа желба да ја претвориме во акција, тогаш се случува јогата. Всушност, секоја промена е јога. Постојат повеќе типови на јога:


  • Ha-Tha јога  – тоа е јогата која сите најмногу ја знаеме и практикуваме. Се состои од положба (asana) и вежби со кои движењата се урамнотежени со дишењето, како и вежби за дишење (pranajama) кои воглавно се изведуваат во седечка позиција. Со овој тип на јога се постигнува ниво на рамнотежа, а тоа позитивно влијае на нашето психичко здравје.
  • Gjana – јога на расудување и увид. Овој вид на јога бара длабоко искуство од животот и пред се, чисто срце. Ако се впуштите во овој вид јога без претходна подготовка, може да биде опасно по вашиот духовен развој. Согледувањето, на пример, поминатите работи низ животот, можат поединецот да го доведат до состојба на бесмисла, апатичност  и депресија.
  • Karma јога – претставува јога во акција, а се подразбира несебична работа и активност кои не се мотивирани со награда. Секој од нас бара одредено признание и награда за вложениот труд, меѓутоа тоа не е во духот на овој тип на јога. Но, тоа не мора да значи дека треба да дозволиме другите незаслужно да ја користат нашата енергија. Најдобро е на време да развиеме став на помирување и будност, добродушност и спонтаност во секоја акција, се додека тоа не ни прејде во навика. Така, на тој начин, постепено ќе се ослободиме од негативните работи кои привлекуваат негативни ситуации. Потсетување на тоа дека се она што ни се случува во животот е најдобро за нас и нашата душа ( но често не за нашето его), е ставот на Карма јогата.
  • Bhakti е јога насочена кон Бога. Приврзаници се стремат да дејствуваат, чувствуваат и мислат на одржување на свеста кон Бога. Психолошки гледано, оваа јога е одличен метод со кој се урамнотежува претераната ригидност и поврзаноста за интетектот. Оваа јога е од голема помош за елиминирањето на интелектуалниот “застој” и моќна алатка за ослободување на емоциите. Денес луѓето се многу затворени, ретко си дозволуваат слободно да се изразат себеси, ретко се смеат и чувствуваат.
  • Raja јога во превод значи кралска јога, и претставува духовен пат кој води кон реализација, преку дисциплина, самовоздржување и бескомпромисна контрола на умот. Со секојдневно вежбање (концентрација, медитација и самонабљудување) и развивање на внатрешниот став за неврзување (vairagya), може да се постигне ослободување од патењето (moksha).

Освен овие типови на јога постојат и други, како што се e Nada јога – насочување кон внатрешнот звук, Krija јога – провлекување на свеста низ психичките канали и енергетските центри, Mantra јога – го користи звукот како метода на прочистување на умот и ослободување од потиснатите чувства, Jantra јога – насочена кон будењето на енергијата во себе, проширување на свеста, Kundalini јога е продолжение на Hatha јога, бидејќи настојува со своите техники да ги отвори енергетските канали – чакрите.

В.С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *