Иланг-иланг – цвеќе над цвеќето

Името иланг-иланг (Ylang-ylang)  значи  пустина, алудирајќи на неговото природно живеалиште, и ретки, што укажува на неговиот исклучително деликатен мирис, но најпознат и најкористен превод е „цвеќе над цвеќето“. Во Индонезија цвеќињата на ова дрво се ставаат на креветот на младенците за среќа, а на Филипините жените прават ѓердани и ги носат, а исто така се ставаат како украс на религиозни слики и икони.

loading...

Иланг-иланг маслото се добива со дестилација на цвеќињата на тропски дрва од семејството на Анонацеа. Ова дрво потекнува од тропските шуми на Филипините. Аромата е слатка, но овој мирис, луѓето генерално или го сакаат или не го сакаат. Маслото обично се пропорачува за сексуални проблеми, особено за недостаток на желба за секс. Го намалува високиот крвен притисок и го смирува срцебиењето. Иланг-иланг е идеално масло за масажа кога сте под стрес. Се користи во релативно мали дози. За самопомош кај нервоза и стрес се подготвува мешавина од 20 мл растително масло, на пример бадемово, 10 капки иланг-иланг масло и етерично масло од лаванда. Се става во областа на соларниот плексус, односно стомак и се масира неколку пати на ден. Главните хемиски компоненти се  метил етер, метил бензоат, бензил ацетат, бензил бензонат и друго. Терапевтските својства на ова масло се антидепресив, антисептик, афродизијак и седатив.

Иланг-иланг исто така е и одлично козметичко етерично масло. Неговите фракции се користат во скапите креми, кои за жал сепак не можат да се најдат на пазарот, освен ако сами не ги направите.

За ароматераписки цели, маслото треба да се разреди. Најдобар начин за лекување на нервните нарушувања е со инхалација, односно, вдишување. Прв метод:Ставете 2 капки масло во ноздрите и полека и длабоко вдишувајте околу 5 минути. Оваа постапка повторете ја два до три пати на ден. Втор метод:Ставете 2-5 капки масло на крпа и дишете длабоко околу 5 минути. Оваа постапка повторете ја два до три пати за половина час.

За нега на акни и брчки натопете 6 капки на местото кое ви е проблематично и полека масирајте ја кожата околу 5 минути. За нега на коса, ставете 8 капки на темето и масирајте околу 10 минути.

Маслото е класифицирано како нетоксично и ненадразнувачко. Сепак, преголемата употреба може да предизвика главоболка и гадење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *