Вие сте овде: Почетна » Здравје » Зачини и билки » Камилица
Камилица

Камилица

Камилицата (Chamomilla recutita) претставува едногодишно растение, високо околу 20-50 цм, кое расте насекаде. Има разгрането, нежно стебло, со ситно изделени листови и со карактеристични главичести соцветија, жолти во средината, со бели цветови по работ. Постојат повеќе видови на камилица, а како лековити се сметаат римската и германската камилица. Поради своите лековити својства доста се користела и во стариот Египет повеќе од другите билки. Египетските благороднички ги користеле нејзините цветови во различни препарати за убавина. Грчките доктори ја препорачувале употребата на камилицата за третман на висока температура и женски проблеми.

Камилицата делува:

  • Против грчеви
  • Антиинфламаторно
  • Антиалергиски
  • Антисептички
  • Има благо седативно дејство, ја намалува анксиозноста, стресот и напнатоста, па затоа се препорачува да се пие чај од камилица пред спиење бидејќи го намалува немирот,влијае поволно за мирен сон, што е добро за луѓе кои имаат несоница.
  • Го поттикнува варењето на храната
  • Благ аналгетик
  • Против менструални болки
  • Ја негува проблематичната кожа
  • Ги опушта мускулите
  • Ја подобрува функцијата на црниот дроб итн

Исто така, во лековити цели се користи и маслото од камилица. Наједноставниот начин да направите масло од камилица е – да ги натопите цветовите во 2 dl маслиново масло и да оставите да стојат на сонце 3-5 недели. Внимавајте цветовите целосно да се прекриени со маслото и повремено промешајте. Со добиеното масло можете да ја негувате целата кожа. Камилицата се користи за намалување на иритација на кожата, осипи,отоци, потоа за реума, гихт, како и за нега на испукана и сува кожа. Маслото исто така е добро за нега на главата (скалпот) и против првут.

Чајот од камилица се препорачува кај мали деца кои имаат проблеми со стомакот – го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, го олеснува испуштање на гасови итн

Камилицата можете да ја користите во облик на чај, во чајни мешавини, како додаток во купките за опуштање, за изработка на масло, за изработка на ладни и топли облоги за смирување на вашето тело. Лесна е за примена и погодна за користење, а можете и да ја засадите во вашата градина.

В.С.

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе