Вие сте овде: Почетна » Здравје » Зачини и билки » Валеријана – народен лек против болки, нервоза и напнатост
Валеријана – народен лек против болки, нервоза и напнатост

Валеријана – народен лек против болки, нервоза и напнатост

Валеријана (Valeriana Officinalis) или маче трева, претставува повеќегодишно тревесто растение, кое вирее како самоник по ливади или планини. Нејзиното име потекнува од латинскиот збор valere што значи – биди добро. Цветните екстракти од валеријаната се користат како парфем, меѓутоа нејзиниот корен, кој се користи како лек, има јак и непријатен мирис. Интересен податок е тоа што мирисот на коренот, поради киселината која ја содржи, особено се забележува на мачките – има феромонско делување на нив (буквално паѓаат во транс). Во народната медицина валеријаната служи како лек за несоница, бидејќи овозможува мирен и цврст сон. Една од нејзините позитивни страни е што не предизвикува мамурлук како конвенционалните лекови кои се користат за таа намена.

 Употреба:

  • При анксиозни состојби
  • Го намалува стресот
  • Третман на инсомнија
  • Влегува во состав на чај за нерви и чај за смирување, Sp.nervinae и Sp.sedativae.
  • Нејзиното смирувачко делување ги опушта мускулите и ги намалува грчевите, подуеноста, болките во желудникот и нагонот за повраќање.
  • Ги релаксира и мускулите на гастроинтестиналниот тракт и на тој начин ги намалува симптомите на синдром на иритирачки црева
  • Може да помогне при главоболки и мигрени, а исто така ги ублажува болките и воспаленијата на зглобовите и коските.
  • Некои истражувања покажале дека валеријаната може да биде корисна и во третман на ишијас, невралгија, периферна невропатија, мултиплекс склероза, епилепсија и недостаток на внимание кај повозрасни деца.
  • При менструални проблеми, заболувања на уринарниот тракт, цревни паразити, висок притисок и друго.

Оваа билка не смеат да ја земаат трудници и доилки, како и деца помали од  12 години. Кај лица кои имаат низок притисок и хипогликемија треба да се дава внимателно и препорачано од  доктор. Не смее да се зема во комбинација со конвенционалните лекови кои служат за смирување, бидејќи може да се потенцира нивното делување и појава на несакани ефекти. Како несакани ефекти од користење на валеријана се главоболка, немир, несоница, потешкотии при будење и сл, а со престанок на нејзино конзумирање несаканите ефекти се повлекуваат. Во терапевтски дози, валеријаната се зема најмногу 3 недели, после што се прави пауза од еден месец.

За авторот В. С.

магистер по фармација Најздрава навика: возење велосипед Во слободно време: свирам гитара и слушам музика Најмногу сакам да јадам: добро подготвена храна Дестинација: Хрватска Верувам во: пријателство и добра забава

4 коментари

  1. mmmm bash dobra statija

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе
best casino zLkdjjHcgs