Вие сте овде: Почетна » Здравје » Зачини и билки » Жалфија
Жалфија

Жалфија

Жалфијата е една од најлековитите билки кои постојат на нашата планета. Нејзиното латинско име е Salvia officinalis , што потекнува од зборот salvare што значи спасува или лекува.  Постојат неколку видови на жалфија: леплива (Salvia glutinosa), ливадска (Salvia pratensis), шумска (Salvia silvestris), но најважна и најлековита е Salvia officinalis. Жалфијата е повеќегодишна грмушка висока до 30-40 см. Листовите и стеблата се влакнести. Листовите се сребрено-бели, во облик на срце, а на врвот двојно назабени. Цветовите на жалфијата се темно виолетови. Сите делови на жалфијата имаат силен, ароматичен мирис, кој не се губи за време на сушењето. Се бере пред  да процвета во мај.  Уште од поодамна, фараоните го користеле ова растение како главна компонента во смесата за балсамирање, а грчкиот лекар Диоскордиј го користел за лекување на разни болести како што се крварења, треска, инфекции на уринарниот тракт, нередовни менструации и слично.

 УПОТРЕБА

  • Ја подобрува циркулацијата и помага во топењето на мастите, па затоа е одлична за употреба во случаи на гојазност и целулит, ја подобрува циркулацијата, а помага и во третман на ревматизам и артритис.
  •  Со оглед на тоа дека ги балансира женските полови хормони, жалфијата има улога во здравјето на женскиот репродуктивен систем. Се користи при болни менструации, нередовни менструации, ПМС, ублажување на постменопаузалните симптоми и друго.
  • Некои истражувања покажале дека жалфијата може да го намали нивото на шеќер во крвта, што ја прави корисна во третманот на  дијабетес.
  • Се користи за дезинфиекција и лекување на  раните, при егзема, шуга, плускавци и каснувања од инсекти (доволно е да се нанесат свежи листови од жалфија на болното место).
  • Го намалува прекумерното потење, особено кај луѓе кои многу се потат во текот на ноќта. Исто така се користи за намалување на телесната температура.
  • Се користи за испирање на устата и за гаргара при треман на непцата кога крварат, за воспаленија на  грлото и фаринксот. Ја намалува кашлицата кај пушачите  и ги прочистува  дишните патишта
  • Го подобрува варењето

Не се препорачува долготрајна употреба на жалфијата. Нејзините етерични масла во големи количини се отровни, па ѕатоа не треба да се ѕема во големи количини и долготрајно. Дневна доза поголема од  15g и продолжената употреба доведува до непријатни последици, како што се сува уста, чувство на треска, палпитации и несвестица. Не смеат да го користат бремените жени и луѓето кои страдаат од епилепсија (жалфијата содржи тујон кој може да предизвика епилептични напади). Исто така не треба да го користат доилките, затоа што жалфијата ја намалува секрецијата на млекото. Жалфијата сепак, е безопасна кога се зема во мали количини.

В.С.

Коментирај

Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Оди горе
best casino zLkdjjHcgs